Рецепт за најлесниот десерт со јаболка – растурена мрзлива пита
Нема класично тесто и кора, се мешаат состојките, се прави ронлива смеса одозгора и се пече – а потоа директно со лажица ќе јадете од тава и десертот ќе ви се топи во уста.

Ако сакате домот да ви замириса на есен, но немате многу време или вештини во кујна, овој рецепт е за вас.
Наликува на растурена мрзлива пита, но нема класично тесто и кора, па мали се шансите да го згрешите.
Нема да одолеете и нема потреба да сечете парчиња, директно ќе јадете од тава.
Потребни состојки:
За „смеса“ со јаболката:
- 6 големи јаболка (1.6kg)
- Сок од ½ лимон
- 70g шеќер
- 2 лажици брашно (околу 40g)
- 2 лажички цимет
За ронливата смеса (crumbe) одозгора:
- 250g брашно
- 100g кафеав шеќер
- 100g овесни снегулки
- 1 лажичка цимет
- 175g стопен путер
Начин на подготовка:
- Излупете ги јаболката и исечкајте ги на тенки парчиња или мали коцки.
- Премачкајте ја со путер тавата со големина 20х27 или поголема.
- Во еден длабок сад додајте ги сите состојки за смесата со јаболка и измешајте ги така што сите ќе бидат еднакво распоредени и соединети, па истурете ги јаболката во тава (може и директно во тава, но потешко е мешањето).
- Во друг сад направете ја ронливата смеса, така што прво ќе ги измешате сувите состојки, а потоа ќе го дадете стопениот путер.
- Ронливата смеса мешајте ја прво со лажица, а потоа со прсти додека да добиете структура како трошки.
- распоредете ја ронливата смеса врз јаболката насекаде.
- Печете 45 минути на претходно загреана рерна на 190°С.
- Ако врвовите на ронливата смеса некаде не се темнокафеави, зголемете ја температурата на 200°С и печете уште 10-тина минути или додека не станат такви.
Погледнете видео постапка:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Најлесниот рецепт за домашен леб без месење
Ако сте љубител на вкусот на домашен леб, а немате вештини за месење, овој рецеп...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
