Рецепт за мини панцероти со сочен фил – ќе ги обожава цело семејство
Ова се највкусните мини панцероти полнети со пица фил од кои се тегне кашкавал – децата ќе ги обожаваат, но и возрасните нема да одолеат.

Доколку сте љубител на тестести специјалитети, имаме предлог за вас.
Засукајте ги ракавите и направете вкусни мини панцероти со пица фил.
За семејство со деца, за на трпеза пред гости или за викенд појадок – изборот е ваш.
Потребни состојки:
За тесто:
- 320ml топла вода
- 1 ½ лажици активиран сув квасец
- 435g брашно, поделено
- 25g пармезан
- 1 лажица прашок за печиво
- 1 лажица сол
- 2 лажици шеќер
- 3 лажици маслиново масло, поделени
- Масло за пржење
За фил:
- 520g доматен сос, поделен
- 300g рендан кашкавал
- 40g свеж босилек, ситно сечкан
- Сол по вкус
- 2 лажици сечкан магдонос за сервирање
Начин на подготовка:
- Ставете го квасецот во топла вода, покријте го и оставете го 5 минути да нарасне.
- Во сад, ставете ,375g брашно, пармезанот, прашокот за печиво и сол и шеќер и измешајте ги состојките.
- Додадете 2 лажици маслиново масло и повторно мешајте, па додадете го нараснатиот квасец врз мешавината со брашно и мешајте додека не се направи смеса во форма на топка.
- Остатокот од брашното искористете го за да ја набрашните површината и месете го тестото со раце околу 10 минути, додека убаво не се соедини и оформете топка.
- Во сад ставете 1 лажица маслиново масло, ставете го тестото, покријте со крпа и оставете го 1 час во топла средина, додека да ја дуплира големината.
- Набрашнете ја површината, превртете го врз неа тестото и оставете само да падне од садот.
- Пресечете го на парчиња со дебелина од 5cm и оформете топчиња.
- Од секое топче со раце размесете кружно тесто со 1cm дебелина и 12cm ширина, но внимавајте средината да не е премногу тенка.
- Намачкајте 1 лажица доматен сос на средината на секое парче тесто, наредете 2 лажици кашкавал и 1 лажица босилек, па посолете.
- Преклопете со другата страна праку тестото со фил, спојте ги убаво краевите на тестото и малку заролајте ги крајчињата (погледнете во видеото).
- Пржете ги панцеротите во длабок и загреан зејтин по 3 минути од секоја страна, но не пржете повеќе отколку што собира во тавата и редете ги на хартија за да се исцеди маснотијата.
- Остатокот од доматниот сос ставете го на средина на чинија и послужете со панцеротите.
Видео постапка:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
