Во кујна со Марјана од Прилеп: Рецепт за тикви од тесто, и декоративни и вкусни

„Бидејќи е есен, добив идеја наместо класични кифли да направам тиквиња. Готвам и месам со многу трпение и тоа многу, ме исполнува. Се трудам работите да се убави и на вкус и на лик и да има по некоја декорација“, вели прилепчанката Марјана Конеска.

vo-kujna-so-marjana-od-prilep-tikvichki-od-testo-i-dekorativni-i-vkusni-01.jpg

Марјана Конеска (51) од Прилеп е жена која готви со многу љубов, и кога ја подготвува домашната слава Св. Никола, но и за своја душа и за семејството.

Таа од тестото за кифли, кои ги прави најчесто, неодамна направи тиквички од тесто. Тие изгледаат преубаво и се многу декоративни кога ќе се стават на трпеза, а Марјана вели и дека се меки како душа.

„Бидејќи е есен, добив идеја наместо класични кифли да направам тиквиња. Готвам и месам со многу љубов и трпение и тоа многу, ме исполнува.

Се трудам работите да се убави и на вкус и на лик и да има по некоја декорација“, вели Марјана.

vo-kujna-so-marjana-od-prilep-tikvichki-od-testo-i-dekorativni-i-vkusni-05.jpg

За читателите на CRNOBELO.com, таа го сподели својот рецепт, и ни ја откри постапката како ги направи тиквичките:

Потребни состојки:

  • Околу 1kg брашно
  • 500ml топло млеко
  • 200ml масло
  • 3 јајца
  • З лажички шеќер
  • 1 лажица сол
  • 1 коцка квасец

vo-kujna-so-marjana-od-prilep-tikvichki-od-testo-i-dekorativni-i-vkusni-04.jpg

Начин на подготовка:

  • Најпрво ставете го квасецот да стаса со малку шеќер и млака вода, па кога ќе биде готов, спојте го со млекото, маслото, јајцата и брашното, додадете сол и шеќер.
  • Брашното на почеток не го ставајте цело, зашто тестото треба да биде средно (ни меко, ни тврдо), па по потреба додавајте брашно при месењето.
  • Оставете го да се удвои, па уште еднаш размесете го.
  • Направете топчиња, приближно сите да се со иста големина.
  • Ќе ви треба и обичен конец - за секоја тиквичка по 4 кончиња кои ќе ги подврзете (како на фотографијата), па ставете ги во подмачкана тепсија уште еднаш да нараснат.
  • Премачкајте ги со изматена жолчка и печете ги.
  • Дршките на тиквичките ги ставив откако се изладија и хи исеков кончињата. За дршки користев гранчиња од трендафил.

Повеќе фотографии:

vo-kujna-so-marjana-od-prilep-tikvichki-od-testo-i-dekorativni-i-vkusni-03.jpg

vo-kujna-so-marjana-od-prilep-tikvichki-od-testo-i-dekorativni-i-vkusni-06.jpg

vo-kujna-so-marjana-od-prilep-tikvichki-od-testo-i-dekorativni-i-vkusni-02.jpg

Прочитајте и Марјана од Прилеп направи 500 сармички за Св. Никола: „Ги правев 8 часа, помали се од лажичка“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Вкусно летно рижото, со пилешко и лимон Дури и храната што ја подготвувате вообичаено може да има поинаков шмек ако малк...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...

Најчитани неделава