Бевме на вечера кај Павле Камилоски: „Тестенини со ракчиња ми се специјалитет, талентот за готвење го наследив од мајка ми“
За себе вели дека готви од мал и дека секогаш експериментира со храната.
„Некогаш ќе зготвам нешто и после некое време ќе ми речат: ‘Ајде зготви ни го тоа што ни го правеше’, а јас не можам да го направам исто затоа што секогаш ставам ‘од ѓутуре’ и често спремам исто јадење со различни зачини или додатоци“, ни откри.

Дури и за вечерата што ни ја подготви не мереше ништо, туку мерката ја правеше „од око“, а на крајот сè беше превкусно и погодено на сол.
„Знаете, јас потекнувам од угостителска фамилија. Љубовта кон готвењето ја имам наследено од мајка ми, која готви одлично.
И талентот најверојатно ми е од неа.
Дури и во семејниот хотел „Неда“ на Галичник, знам да поминам денови и денови во кујната и да готвам“, кажа Павле низ смеа.


Кога го прашавме дали пее додека готви, ни испеа италијанска песна.
А потоа, ни пушти да ја слушнеме неговата нова празнична песна „Иде Нова година“, за која тие денови, заедно со Ирина, го снимаше спотот.


Откако храната беше готова, праша дали јадеме луто, ја сервираше, па ни ја принесе на маса.
„Добредојдени сте во мојот дом во секое време“, ни кажа тој.


Вечерта ја завршивме со кафе, пријатен разговор и уште добра музика.

А за тоа како го подготви својот специјалитет, чекор по чекор, погледнете го видеото што го снимивме:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело