Потпечена полента со сланина - идеален рецепт за вкусна вечера

Дали сте од оние кои често подготвуваат полента за појадок или вечера? Ако одговорот е „да“, тогаш овој рецепт мора да се најде на вашето мени.

potpechena-polenta-so-slanina-idealen-recept-za-vkusna-vechera-01.jpg

Класичната полента, дополнета со препржена сланина и младо сирење е идеален оброк, без оглед дали ќе го направите за појадок или за вечера.

Се подготвува лесно, иако е потребно малку време за полентата целосно да се стврдне пред да ја послужите.

Потребни состојки:

  • 250g инстант брашно од полента
  • 1l вода
  • Сол по вкус
  • Путер по вкус
  • 125g младо сирење
  • Неколку парчиња тенко пресечена сланина

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад ставете ја водата да зоврие, додадете сол по вкус, а потоа и пченкарното брашно, мешајќи со жица за матење за да не се направат грутки.
  • Гответе ја полентата додека не стане густа, па истурете ја во тава за тарт, премачкана со путер и измазнете ја со шпатула.
  • Оставете да се излади целосно, а потоа ставете ја во фрижидер барем еден час за да се стврдне.
  • Во меѓувреме, исечете ја сланината на ленти и запржете ја за да стане крцкава.
  • Откако полентата ќе се стврдне, превртете ја врз плех за печење и одозгора ставете ги препржената сланина и парчињата младо сирење.
  • Печете во претходно загреана рерна на 190°C околу 20 минути, додека сирењето не се стопи - послужете ја топла.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава