Сите „полудеа“ по виралниот јапонски чизкејк - Дали вреди да се проба?
Невозможно е да имате социјални мрежи, а ниеднаш да не сте го виделе рецептот за јапонски чизкејк од 2 состојки. Дали веќе го подготвивте и вие (и дали ви ги исполни очекувањата)?

Идејата за десерт без печење, направен од грчки јогурт и бисквити, стана толку популарна, што луѓе масовно се споделуваат видеа на ТикТок и Инстаграм, откако решиле да го пробаат овој рецепт.
Според јапонскиот рецепт, колачињата се со вкус на кокос, додека кај нас повеќето луѓе избираат бисквити на база на цимет или ванила, но има и такви кои користат Орео колачи.

Некои додаваат и овошје во јогуртот.
Има и такви кои ставаат малку мед, екстракт од ванила, еспресо или јаворов сируп.

Предноста на овој десерт е што можете во пластичниот сад во кој е грчкиот јогурт да додадете кафе/мед/ванила и да измешате за да се спојат во мазна смеса, а потоа само во него да ги наредите бисквитите.

Откако ќе го подготвите десертот, треба да го оставите најмалку 2 часа во фрижидер (или уште поубаво, преку ноќ) за колачите да омекнат, па дури потоа да го јадете.

Едни се воодушевени, други велат дека десертот воопшто не потсетува на чизкејк и дека е уште еден „трик“ за собирање лајкови и „гледаност“ на социјалните мрежи.
Дали вие досега сте го пробале јапонскиот чизкејк?
