Рецепт за погача во калап - одличен избор за кога ќе ви се најават гости

Ако барем малку сакате да месите, или пак вашите блиски уживаат во домашно замесените кифли и погачи, тогаш следен пат кога ќе ви се најават гости, пробајте ја оваа погача во калап.

recept-za-pogacha-vo-kalap-odlichen-izbor-za-koga-kje-vi-se-najavat-gosti-01.jpg

Домашната погача во калап се подготвува многу лесно.

Дури и не мора да сте многу вешти во месењето за да ви излезе добро.

Па, зошто да не го пробате овој рецепт?

Потребни состојки:

  • 1 пакетче сув квасец
  • 2 лажици шеќер
  • 1 шолја млако млеко
  • ½ шолја млака вода
  • 1 шолја растително масло
  • 1 белка од јајце (жолчка за премачкување)
  • 4,5 шолји брашно (додавајте постепено)
  • 1 лажичка сол

За премачкување меѓу слоевите:

50g путер, омекнат

За премачкување:

  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажичка млеко
  • сусам

Начин на подготовка:

Замесете тесто од сите состојки, со тоа што брашното ќе го додавате постепено. Тестото треба да е меко.

  • Оставете го да нарасне, па премесете го уште еднаш и оставете да надојде двојно.
  • Ставете го тестото врз набрашната површина и расукајте го во форма на правоаголник.
  • Премачкајте ги со омекнатиот путер, па свиткајте го тестото во форма на ролат.
  • Пресечете го ролатот на парчиња, со дебелина од 2 прста, па наредете ги парчињата во калапот за печење (како во видеото).
  • Премачкајте ја погачата со жолчката изматена со 1 лажичка млеко, па наросете сусам.
  • Печете ја на 220°C, па намалете ја температурата за убаво да се испече и внатре.
  • Можете да ја послужите топла или изладена, по желба.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка „Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Кремаст колач со праски и путер, рецепт што го најдов во тефтерот на мајка ми Се топи во устата, зашто тестото после печењето е меко како пудинг, а праските м...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...

Најчитани неделава