Рецепт за совршени печени компири – крцкави однадвор, меки однатре

Ако барате рецепт за совршени печени компири, пробајте да ги подготвите на овој начин – идеални се и за оние кои постат (на масло), но и за сите кои сакаат да ги подготват без грешка.

recept-za-sovrsheni-pecheni-kompiri-krckavi-odnadvor-meki-odnatre0-01.jpg

Иако можеби не е филозофија да се направат печени компири, сигурно многупати сте си помислиле дека вашите не се исти како оние на вашата баба или оние кои сте ги јаделе во некој ресторан.

Тајната е во тоа прво малку да ги сварите, па потоа да ги печете, но и добро да ги зачините со свеж лук и рузмарин.

Потребни состојки:

  • 1.1kg компири
  • Маслиново масло (количина по желба)
  • Сол и бибер
  • 1 чешниња лук
  • Неколку гранчиња рузмарин
  • Мајчина душица

Начин на подготовка:

  • Излупете ги компирите и исечете ги на поголеми коцки.
  • Загрејте вода во тенџере и ставете ги компирите да се варат 7 минути.
  • Исцедете ги сварените компири па префрлете ги во сад.
  • Додадете маслиново масло, сол, бибер, мајчина душица и измешајте добро, па префрлете ги во плех на хартија за печење и додадете ги лукот и рузмаринот. 
  • Печете ги со вентилатор во претходно загреана рерна на 190 степени Целзиусови, околу 40 минути, или додека да добијат златно-кафеава боја.

Видео постапка:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg