Лесен рецепт за совршена „aglio e olio“ паста – лук, маслиново масло и чили пиперче
Рецепт за совршена италијанска „aglio e olio“ паста, која се прави со многу маслиново масло, лук, а за љубителите на луто и со пикантно чили пиперче.

Доколку сакате дома да пробате некоја поразлична паста од болоњезе и другите сочни сосови, тогаш ова е идеален рецепт.
„Aglio e olio“ е популарна паста, која се прави со многу маслиново масло и лук, а ако сте љубители на пикантен вкус, може да додадете и чили пиперче
Потребни состојки:
- 1 пакетче шпагети (500g)
- 120ml маслиново масло
- 6 чешниња лук, тенко сечкани
- Малку чили пиперче, тенко и ситно сечкано, за вкус
- Сол и бибер по вкус
- 20g свеж магдонос, ситно сечкан
- 100-120g свежо рендан пармезан
Начин на подготовка:
- Сварете ги шпагетите, не премногу, но не и да бидат многу тврди, исцедете ги и префрлете ги во сад.
- Во меѓувреме, во длабока тава загрејте го маслиновото масло, па намалете ја температурата на тивко и пржете го 5-10 минути лукот со постојано мешање за да не загори и, па на крај додадете ги и пиперчињата.
- Според некои готвачи, при крај може да додадете малку од водата од шпагетите во маслото за да не биде препржено, а некои дури на крај го земаат лукот и го толчат, па го враќаат во сосот.
- Префрлете ја пастата во тавата, додадете сол и бибер, свежиот магдонос и пармезан и убаво измешајте ги (доколку немате многу длабока тава, може да мешате и во тенџере или во длабок сад).
- Сервирајте со уште малку наросен пармезан и свеж магдонос одозгора.
Во продолжение неколку видеа од подготовка на оваа паста:
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
