Подгответе ја најчоколадната Суфле торта

Суфле тортата е идеален начин да уживате во вкусот на темната, ако сте зависник од овој сладок порок.

podgotvete-ja-najcokoladnata-sufle-torta-01

Затоа што за подготовка на оваа торта се потребни само 30 минути, е еднa од најлесните и најсочни чоколадни задоволства.

Потребно ви е:

  • 300g чоколада за готвење
  • 50g какао
  • 10 јајца
  • 300g шеќер
  • Лажичка цимет
  • 1 ванилин шеќер
  • 500g путер
  • Шеќер во прав или чоколадна глазура (за фил)
  • Слатка павлака или сладолед за декорација
  • Јагоди и малини како додаток

Подготовка:

На пареа, на тивок оган растопете го путерот, чоколадото и циметот.

Во посебен сад одвојте ги жолчките и белките. Од белките направете цврст крем, а жолчките изматете ги со шеќерот за да добиете жолт крем.

Оладеното чоколадо истурете го во смесата со жолчки, а потоа постепено додавајте ја пената од белки.

Добиената смеса истурете ја во калап за печење, премачкан со путер и печете на 175 степени половина час.

Откако тортата ќе се олади посипете ја со топено чоколадо, шеќер во прав или цимет. Декорирајте со неколку малини и јагоди, сладолед или шлаг пена.

Ако сакате да бидете креативни, додадете ликер или рум по желба.

podgotvete-ja-najcokoladnata-sufle-torta-02

podgotvete-ja-najcokoladnata-sufle-torta-03

podgotvete-ja-najcokoladnata-sufle-torta-04

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава