Предлог ручек за сите зафатени: Пица во нестандарден облик

И додека сте презафатени со тоа дали сите документи и задачи за денес ги предадовте сработени, стомакот полека ви се испразнува, а енергијата ви е на минимум.

predlog-rucek-za-site-zafateni-pica-vo-nestandarden-oblik-01

Кога ќе стапнете дома после напорниот ден и не ви е ни на крај памет да готвите, имаме еден сочен пица сос кој може да ви послужи како брз и неодолив ручек.

Време за подготовка: 20-30 минути

Состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 мала главица кромид
  • ½ kg мелено месо
  • 1,5 лажица сушено оригано
  • 1 лажица сол
  • Доматен сос за пица
  • 1,5 шолја изрендан кашкавал
  • 1 леб исечкан на коцки

Подготовка:

Загрејте го маслото на тава, а потоа додајте го кромидот. Откако ќе зарумени, додајте го месото. Пржете 15тина минути, а потоа додајте го ориганото и солта.

Намалете ја температурата додека го додавате доматниот сос и добро мешајте.

На крај, кога сè ќе биде речиси готово, додадете го кашкавалот.

Послужете го сосот во длабок сад со леб исечкан на мали коцки.

Поздравете се со чистата маса и уживајте!

Би можело да ве интересира:

Сочен семеен ручек: Ќофтиња во сос со растопен кашкавал Ако сакате брз и вкусен, сочен ручек за цело семејство или друштво, вреди да го ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...

Најчитани неделава