6 брзи специјалитети со останатите велигденски јајца

Откако поминаа велигденските празници, си разменивте јајца со пријателите и никако да ги потрошите десетиците јајца кои ви останаа.

6-brzi-specijaliteti-so-ostanatite-veligdenski-jajca-01

Ако веќе ви е досадно да ги јадете, а за да не ги фрлите, има 6 интересни и брзи рецепти кои може да ги направите и да ги изненадите домашните.

1. Пилешка салата

Потребно:

  • 170 гр зелена салата
  • 100 гр бело грозје
  • 300 гр сварено бело месо
  • 2 тврдо варени јајца

За прелив:

  • 2 чаши јогурт
  • 1 лажичка сенф
  • ½ лажичка сув зачин
  • 2 лажички мајонез

Подготовка:

Јогуртот, сенфот, зачинот и мајонезот измешајте ги добро. Измиените листови зелена салата наредете ги во плиток сад. Одозгора ставете насечкано бело месо и кругови варени јајца. Нафрлете од белото грозје и прелијте со претходно подготвениот прелив.

6-brzi-specijaliteti-so-ostanatite-veligdenski-jajca-1

2. Салата Ница

Потребно:

  • 1 варено јајце
  • 1 домат
  • 1 краставица
  • 1 пиперка
  • 1 конзерва туна
  • 1 кромид
  • неколку црни маслинки
  • малку маслиново масло, лимонов сок, сол и бибер

Подготовка:

Јајцето и доматот исечете ги на парчиња, краставицата на коцки, пиперката на резанки, а кромидот на кругови. Измешајте го целиот зеленчук, зачинете со маслиново масло, лимонов сок, сол, бибер и додадете ги маслинките.

6-brzi-specijaliteti-so-ostanatite-veligdenski-jajca-2


3. Француска салата

Потребно:

  • 300 гр рокфорт сирење
  • 2 јајца
  • 3 домати
  • 3 лажици грашок
  • 3 главици кромид
  • 4 лажици тартар сос
  • 4 лажици павлака
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 1 лажица јогурт

Подготовка:

Сирењето и јајцето исечкајте ги на коцки, ставете ги во чинија и додајте им го исечканиот домат, грашокот и кромидот. Помешајте го тартар сосот, павлаката, сокот од лимон и јогуртот, а потоа прелијте ја салатата. Оставете ја да отстои 1 час во фрижидер.

6-brzi-specijaliteti-so-ostanatite-veligdenski-jajca-3


4. Салата со шунка и јајца

Потребно:

  • 3 варени јајца
  • 250 гр шунка
  • 1 рендан морков
  • 100 гр сварени макарони
  • прелив од мајонез, павлака и сенф
  • малку сол и бибер

Подготовка

Белките од јајцата исечкајте ги на коцки, жолчките изгмечете ги и помешајте ги со шунката исечкана на парчиња. Додадете ги сварените макарони, па сето тоа прелијте го со сосот од мајонез, павлака и сенф.

Зачинете по желба со сол и бибер. Одозгора додадете го ренданиот морков и украсете со босилек, магдонос или кругови од варени јајца.

6-brzi-specijaliteti-so-ostanatite-veligdenski-jajca-4


5. Палачинки со фил од јајца

Потребно:

За палачинките:

  • 350 гр сварени компири
  • 150 гр брашно
  • масло и сол

За филот:

  • 4 тврдо варени јајца
  • 150 гр сварени компири
  • 160 гр мајонез
  • 300 гр мешан сварен зеленчук
  • 70 гр кромид
  • 30 мл оцет
  • кисела павлака
  • чили сос
  • сол и бибер

Подготовка:

Прво направете ги палачинките од компир. Сварете ги во лушпа, изгмечете ги, помешајте со брашно, сол и направете тесто. Поделете го тестото на неколку делови и секој дел развлечете го на подлога со брашно. Во плех испечете го од двете страни.

За подготовка на филот тврдо варените јајца и компирот исечете ги на мали делови и помешајте ги со ситно сечканиот кромид и сварениот зеленчук. Мајонезот помешајте го со малку оцет, а потоа и со сечканите јајца и зеленчукот. Посолете и промешајте. Наполнете ги палачинките прелијте ги со чили сосот и павлаката.

6-brzi-specijaliteti-so-ostanatite-veligdenski-jajca-5


6. Торта од пиперка

Потребно:

  • 1 пакување тост леб
  • 10 печени пиперки
  • 400 гр мајонез
  • 2 павлаки
  • 4 кисели краставички
  • 4 сварени јајца
  • 250 гр шунка
  • 100 гр фета сирење
  • малку кечап
  • 150 гр кашкавал

Подготовка:

Помешајте го мајонезот и 1 павлака, па поделете го тоа на 3 дела. Во првиот дел додадете ги исечканите кисели краставички и исечканите сварени јајца. Во другиот дел додадете ја ситно исечканата шунка, изгмеченото фета сирење и кечапот по вкус. Во третиот дел измешајте го наренданиот кашкавал и уште една павлака.

Печените пиперки исечете ги на ленти. Исечете 6 парчиња леб од кој ќе ја отстраните корката и ќе ги наредите, а одозгора ќе го нанесете првиот фил. Врз него наредете ги исечканите ленти од пиперката, па повторни ред тост леб. Нанесете го вториот фил, па уште еден ред печени пиперки и на крај покријте со уште еден ред тост леб.

Целата торта премачкајте ја со третиот фил и украсете ја по желба.

6-brzi-specijaliteti-so-ostanatite-veligdenski-jajca-6

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...

Најчитани неделава