Студени, летни салати: Сечкајте и мешајте различни вкусови

Збогатете си го летното мени со неколку нови салати кои ќе ви ги дадат потребните хранливи и освежителни состојки, а истовремено нема да и наштетат на вашата линија.

studeni-letni-salati-seckajte-i-mesajte-razlicni-vkusovi-01

Туна салата

Потребно е: 2 конзерви туна, 3 чаши ориз, 300g мајонез, 400g павлака, 300g кисели краставички

Подготовка: Сварениот ориз измешајте го со сите состојки, оладете и послужете.

studeni-letni-salati-seckajte-i-mesajte-razlicni-vkusovi-02


Печени пиперки со павлака

Потребно е: 6-7 печени пиперки, 2-3 варени јајца, 400g кисела павлака, 100g мајонез, сол, зачини

Подготовка: Исечкајте ја пиперката на кругови, а јајцата на ситни коцки. Во сад измешајте ги со павлаката и мајонезот, па зачинете. Оладете и послужете со бело вино.

studeni-letni-salati-seckajte-i-mesajte-razlicni-vkusovi-03


Студени тестенини

Потребно е: 400g тестенини, 150g шунка, 150g бело сирење, 10-12 кисели краставички, 4 варени јајца, 3-4 лажици мајонез, 200g кисело млеко, 200 ml јогурт

Подготовка: Сварете ги тестенините и оладете ги. Ситно сечкајте ги сите состојки и помешајте ги со јогуртот, мајонезот и киселото млеко. Прелијте врз тестенините и послужете.

studeni-letni-salati-seckajte-i-mesajte-razlicni-vkusovi-04


Бела салата

Потребно е: 2 компири, 200g мајонез, 170g крем сирење, 400g павлака, 150g шунка, 3 јајца, 100g кашкавал

Подготовка: Мајонезот и половина од павлаката измешајте ги, па со таа смеса филувајте меѓу редовите. Изрендајте компир на дното на садот и посолете, па потоа премачкајте го со мајонез и павлака. Потоа наредете ја шунката со крем сирењето, прелијте со мајонезот и павлаката, па изрендајте ги јајцата. Најгоре додадете ја преостанатата павлака и изрендајте го кашкавалот.

studeni-letni-salati-seckajte-i-mesajte-razlicni-vkusovi-05


Салата од цвекло

Потребно е: 500g маринирано цвекло, 1 варено јајце, 200ml кисела павлака, 1 лажица сенф, масло, сол, бибер

Подготовка: Цвеклото и јајцата исечкајте ги ситно и додајте ја павлаката помешана со сенфот. Посолете, зачинете и послужете ја салатата како додаток на тестенини или парче бело месо.

studeni-letni-salati-seckajte-i-mesajte-razlicni-vkusovi-06

Би можело да ве интересира:

Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за француска салата за новогодишните празници Освен руската салата, која е кралица на новогодишните празници, и француската е ...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава