Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Секс кафе: Рецепт кој го зголемува либидото

Разбудете си ја желбата за секс со едноставен рецепт за кафе, кое сигурно од сега ќе стане вашето омилено.

seks-kafe-recept-koj-go-zgolemuva-libidoto-1jpg

Намирниците кои се потребни за поинакво утринско кафе, се користеле уште во античко време за да го возбудат сексуалниот живот, а ако до сега не сте го пробале чудесното кафе, тогаш сторете го уште денес.

Рецептот е многу едноставен, потребно ви е следново: една чаша свежо сoмелено кафе, кокосово млеко, органски перуански корен мака, какао и цимет.

Погледнете ги сексуалните бенефиции кои ќе добиете од секоја состојка од кафето:

1. Мака: Станува збор за органски перуански корен, кој создава ензими во вашето тело потребни за балансирање на хормоните и зголемување на плодноста.

seks-kafe-recept-koj-go-zgolemuva-libidoto-2

2. Какао: Има дејство како еден вид на стимул. Го тера вашето тело да испушта сератонин, заради кој ви се зголемува желбата за секс. Жените кои често консумираат чоколадо се повеќе активни сексуално, токму и затоа какаото е на оваа листа.

seks-kafe-recept-koj-go-zgolemuva-libidoto-3

3. Цимет: Овој вкусен зачин ви ја дава потребната витална енергија и го прави вашето тело да биде посакувано, дури и после хаотичен ден.

seks-kafe-recept-koj-go-zgolemuva-libidoto-4

4. Кокосово млеко: Многу култури го користат кокосовото млеко за природно да ги балансираат хормоните и да ја зголемат желбата за секс. Кокосовото млеко ќе ви даде доволно енергија за луда ноќ во спалната соба.

seks-kafe-recept-koj-go-zgolemuva-libidoto-5jpg

Како да го направите кафето?

Ако сакате вистински да ги почувствувате бенефициите од ова кафе, тогаш правете го еднаш до два пати неделно. Вкусот е многу сличен со топлото чоколадо, а постапката е следна:

  • 2/3 чаша топло кафе
  • 1 супена лажица какао
  • 1 супена лажица кокосово млеко
  • 1 супена лажица мед (по желба)
  • ½ кафена лажица цимет
  • 1 кафена лажица мака

Истурете го кафето во сад во средна големина. Додајте го какаото, кокосовото млеко, медот доколку го сакате послатко кафето и циметот. Измешајте ги состојките во блендер или со помош на миксер. Потоа додајте мака, промешајте повторно, но кратко и сервирајте го веднаш.

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...
Рецепт за сочни цимет ролнички со прелив Направете си ги најмеките, сочни ролнички со цимет, познати како cinnamon rolls,...
Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...
Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg