За љубителите на солено: Идеи за ситни закуски и намази

Збогатете го вашиот оброк и уживајте во фантастичните вкусови на неодоливите здрави намази и закуски.

za-ljubitelite-na-soleno-idei-za-sitni-mali-zakusni-i-namazi-0001.jpg

Ако сте обожаватели на соленото и сакате да експериментирате во кујната, тогаш пробајте некои од овие рецепти.

1. Намаз од сардини

Потребно ви е:

  • 125 грама маргарин
  • 1 конзерва сардини
  • 1 главица кромид
  • ½ лимон
  • ½ китка магдонос

Подготовка:

Изматете го маргаринот додека да добиете пена. Додајте ги сардините, но пред тоа изгмечете ги, а потоа додајте го ситно сечканиот кромид, магдоносот, додајте сок од половина лимон, сол и бибер по вкус и измешајте.

za-ljubitelite-na-soleno-idei-za-sitni-mali-zakuski-i-namazi-2


2. Полжави со шунка и намаз од сирење

Потребно е:

  • 500 грама лиснато тесто
  • 200 грама намаз од сирење
  • 300 грама шунка

Подготовка:

Одмрзнете го лиснатото тесто и раздвојте го, или за да ви биде поедноставно купете одвоено лиснато тесто, па потоа намачкајте го со тенко слој намаз од сирење.

Преку сирењето наредете ја шунката исечкана на тенки парчиња и затворете го тестото во форма на ролат. Направете уште еден таков ролат.

Потоа, направените ролати исечкајте ги на кругови, со дебелина од 1 сантиметар и редете ги во подмачкан плех. Попрскајте ги тестата со малку масло и ставете ги да се печат во загреана рерна на 210 степени околу 20тина минути.

za-ljubitelite-na-soleno-idei-za-sitni-mali-zakuski-i-namazi-4jpg


3. Ролат од спанаќ

Потребно е:

За кората:

  • 1 килограм спанаќ
  • 100 грама маргарин
  • ½ чаша млеко
  • 5 јајца
  • 150 грама брашно
  • 1 кафена лажичка прашок за печиво

За филот:

  • 200 грама постаро кравјо или фета сирење
  • 3 кафени лажички кисела павлака
  • 250 грама шунка
  • 150 грама кашкавал
  • 3 јајца

Подготовка:

Исчистете го и сварете го исечканиот спанаќ, а потоа испржете го на маргарин и млеко. Оставете го да се олади и посолете го по вкус.

Посебно изматете ги јајцата, брашното, прашокот за печиво, па соединете ги со подготвениот спанаќ. Целата добиена маса истресете ја во плех, обложен со хартија за печење и печете во рерна додека не зарумени.

Извадете ја кората од плехот на мокра крпа, завијте во ролат и почекајте да се олади. За тоа време сирењето помешајте го со исечканата шунка, павлаката и изгмечените варени јајца.

Одвиткајте ја кората и премачкајте ја со филот, но оставете малку фил за украсување. Завиткајте го ролатот, премачкајте со остатокот од филот и украсете со рендан кашкавал. 

za-ljubitelite-na-soleno-idei-za-sitni-mali-zakuski-i-namazi-6jpg

Би можело да ве интересира:

Јајца на око со виршли во форма на цветови - децата ќе ги обожаваат (видео) Едноставен рецепт за јајца на око со виршли цветови, кој, освен што се спрема бр...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg