Нема подобро од домашното: Народни рецепти од коприва
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нема подобро од домашното: Народни рецепти од коприва

Копривата е лековита билка која помага во лекување на разни болести, а посебно се препорачува на луѓе кои се борат против анемијата и бубрежни заболувања.

nema-podobro-od-domasnoto-narodni-lekovi-od-kopriva-za-mnogu-bolesti-1

Зошто баш коприва?

Копривата е богата со магнезиум и содржи огромно количество на калциум, поради што задолжително се препорачува на трудници и доилки.

Исто така, оваа чудесна билка го засилува помнењето, кое слабее во староста, а нејзиното секојдневно присуство во исхраната е причината заради кои копривата е наречена фактор за долговечност”.


1. Како да направите домашен сируп од коприва?

Копривата треба да ја берете на места кои не се допир со отрови и издувни гасови, односно берете ја во природа со помош на ракавици.

nema-podobro-od-domasnoto-narodni-lekovi-od-kopriva-za-mnogu-bolesti-2

За 3 литри сок потребно ви е:

  • 30-40 врвови млада коприва
  • 3 литри ладна вода
  • 5-6 лимони
  • 1kg шеќер

Подготовка:

Во водата ставете ја копривата и претходно исечканиот лимон, потоа поклопете го садот и оставете го 24 часа. Следниот ден, добро изгмечете ги состојките, процедете ги и додајте го шеќерот. Сирупот повремено мешајте го на шпорет,  додека шеќерот не се стопи, па потоа претурете го во суви и чисти шишиња и чувајте го на ладно и темно место.


2. Чорба од млада коприва

nema-podobro-od-domasnoto-narodni-lekovi-od-kopriva-za-mnogu-bolesti-3jpg

Состојки:

  • 1 литар млеко
  • 1kg млади коприви
  • 200g кисела павлака
  • 100ml масло
  • 50g путер
  • 100g брашно
  • 2 чешниња лук
  • Сол и бибер

Подготовка:

Исчистете ги младите коприви и измијте ги под млаз ладна вода, исцедете ги и исечкајте ги. На масло и путер испржете го брашното додека не се зарумени, а потоа додајте го исечканиот лук и кратко пржете. Додајте ја копривата, прелијте ја со млекото, дотурете малку вода, зачинете по вкус и гответе 10-ина минути. Во готовата чорба ставете ја киселата павлака и послужете ја додека е топла.


3. Чај од коприва

nema-podobro-od-domasnoto-narodni-lekovi-od-kopriva-za-mnogu-bolesti-4jpg

За една чаша е потребна една кафена лажичка коприва, односно листови и стебла. Со врела вода прелијте ја копривата и оставете ја да постои 5 минути. Исцедете и испијте го чајот голтка по голтка.


4. Купка од коприва

nema-podobro-od-domasnoto-narodni-lekovi-od-kopriva-za-mnogu-bolesti-5jpg

Ставете една чаша коприва во големо тенџере и прелијте ја со врела вода. Поклопете го тенџерето и оставете го 10-15 минути, а потоа исцедете и додајте ја течноста во када полна со топла вода. Водата во кадата не треба да биде врела, а доволно е да поседите 20 минути. После купката не се туширајте, туку само избришете се. Останете на топло барем уште 1 час. 

Би можело да ве интересира:

Готов за 15 минути: Џем од јагоди кој ќе ве врати во детството Јаготки кои се мачкаат на леб – појадок, ужинка и вечера која честопати знаевме ...
Најдобрите рецепти кои се подготвуваат од само две состојки Звучи, речиси невозможно да се создаде вкусен појадок, ужина или десерт од само ...
7 вкусни рецепти за првата недела од божиќниот пост Божиќниот пост почнува на 27-ми ноември и трае до 7-ми јануари, односно до Божиќ...