Послужете ги 5-те највкусни елки за десерт

Празничната трпеза нема да биде комплетна ако на неа немате и некој новогодишен специјалитет. Вкусните колачиња како елки се најголема радост особено за најмладите, а дефинитивно можат и да ви ја разубават трпезата.

napravete-gi-5-te-najvkusni-novogodisni-elki-01

1. Неодолива торта

Направете ја вашата омилена, лесна торта по ваш избор, но нека биде округла. Исечете ја на триаголници, Израмнете ги трите страни, а во средината ставете чоколадно стапче, така што секое парче да изгледа како елка. На површината може да ја украсите со шлаг и шарени бонбони како лампиони.

napravete-gi-5-te-najvkusni-novogodisni-elki-1.jpg



2. Празнични мафини

Замесете тесто за вашите омилени слатки мафини и испечете ги. За да изгледаат попразнично ставете ги во црвени хартиени корпи. На страна изматете белки од јајце со малку шеќер и неколку капки лимонов сок за да добиете снежно бел шлаг. Нанесете го со шприц за готвење и украсете го со прехранбени украсни детали. Доколку сакате да добиете зелен шлаг, по матењето додајте прехранбена зелена боја.

napravete-gi-5-te-najvkusni-novogodisni-elki-2.jpg



3. Овошна елка

Потребни состојки:

  • 300g мелени бисквити
  • Сок од еден портокал

За фил:

  • 500ml млеко
  • 8 лажици шеќер
  • 9 лажици брашно
  • 250g путер
  • 2 лажици шеќер во прав

За украсување

Неколку кивија и кандирани рибизли

Подготовка:

Измешајте ги бисквитите и сокот од портокал и од смесата направете облик на поголема елка. За да го подготвите филот прво ставете 300ml млеко да се загрее, а на страна во 200ml млеко измешајте ги шеќерот и брашното. Кога ќе зоврие загреаното млеко, додајте ја смесата со брашното и шеќерот. Варете 1-2 минути. Изматете ги и путерот и шеќерот во прав, па додадете ги во изладениот фил и сетот тоа соединете го со миксер.

Исфилувајте ја кората и внимавајте да го задржи обликот на елка, а потоа исечкајте ги кивијата на тенки кругови и наредете ги врз филот, а рибизлите додајте ги како лампиони.

napravete-gi-5-te-najvkusni-novogodisni-elki-3.jpg



4. Елки - пуслици

Потребни состојки:

  • 150g шеќер
  • 1 лажичка лимонов сок
  • Прехранбена зелена боја
  • Малку шеќер во прав и стопено чоколадо

Подготовка:

Изматете ги белките со шеќерот. Откако ќе добиете еднолична смеса додајте го лимоновиот сок за да ви остане поцврст шлагот. Измешајте и додајте ја зелената прехранбена боја, па со шприц на хартија за печење во плех формирајте елки. Печете ги во рерна околу 60 минути на 130 степени. На крај наросете малку шеќер во прав како да има снег и на врвот додајте мала ѕвезда направена од стопеното чоколадо.

napravete-gi-5-te-najvkusni-novogodisni-elki-4.jpg



5. Новогодишен капкејк

Пробајте го ова неодоливо колаче во комбинација со ванила.

Потребни состојки:

  • 200g шеќер
  • 100g путер
  • 2 јајца
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 200g брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 130ml млеко
  • Корнети

Подготовка:

Изматете ги јајцата и путерот, па додајте ги јајцата едно по едно, а на крајот и екстрактот од ванила. Во посебен сад измешајте ги брашното и прашокот за печиво и полека додавајте го млекото. Мешајте додека не добиете еднолично тесто, а потоа измешајте го со смеса од јајца. Сипете го во калапи и печете 20-ина минути на 180 степени.

Фил:

  • 150g путер
  • 280g шеќер
  • 1 лажица млеко

Изматете ги путерот и половина шеќер додека не се соединат добро. Додајте го остатокот од шеќерот и една лажица млеко, па измешајте ги. Ако ви се чини многу густо, додајте млеко. Со шприц за готвење нанесете го белиот шлаг врз колачето.

Потоа следете ја оваа постапка за формирање на елката:

Крајниот резултат изгледа вака:

napravete-gi-5-te-najvkusni-novogodisni-elki-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...
Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парч...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg