Домашни наполитанки: Рецепт кој ги надминува купечките кекси

Култните наполитанки во детството на сите ни беа омилен десерт, па токму затоа нашите мајки и баби се труделе успешно да го импровизираат вкусот на чоколадо и кекс кој се топи во уста.

domasni-napolitanki-recept-koj-gi-nadminuva-kupeckite-keksi-01.jpg

Ако некогаш станете носталгични или едноставно ве фати криза за нешто слатко и крцкаво, ви предлагаме да го пробате овој рецепт за најубавите домашни наполитанки.

Состојки:

  • 4 листа обланди
  • 250g путер
  • 200g шеќер
  • 12 лажици вода
  • 250g мелени ореви
  • 250g мелени бисквити
  • 100g чоколадо за готвење

Подготовка:

Во тенџере ставете ги путерот, шеќерот и водата и мешајте додека состојките не се соединат. Потоа додадете ги оревите, бисквитите и чоколадото. Повторно мешајте додека не добиете крем.

Поделете го кремот на 3 еднакви дела и оставете го да се олади.

Потоа мачкајте на горниот дел од секоја обланда и редете ги додека не ги потрошите. Потоа замотајте ги во мрсна хартија и над нив ставете нешто тешко за да се притиснат.

Оставете ги на студено место, а по желба може колачот да го прелиете со топено чоколадо.

Совет плус: Ако сакате да го засилите вкусот на кремот, откако ќе го направите додајте малку сок од портокал или неколку капки рум.

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...

Најчитани неделава