За појадок или вечера: Вкусно полнето лепче готово за 15 минути

Ако ви досадија сендвичите, лиснатите или некој друг производ кој го јадете за појадок секојдневно, имаме генијална идеја за вас.

za-pojadok-ili-vecera-vkusno-polneto-lepce-gotovo-za-15-minuti-01.jpg

Може да ги употребите сите состојки кои ги сакате - шунка, пршута, сирење, кашкавал, домати, пиперки и јајца за да направите нешто премногу вкусно од едно парче леб.

Потребни состојки за оригиналниот рецепт, кој може да се менува по вкус:

  • Мали округли земички
  • Јајца, по едно за секоја земичка
  • Исечена црвена пиперка
  • Нарендано сирење
  • Млад кромид
  • Сол и бибер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени пред да започнете со подготовка.

Исечете го врвот на сите земички и средината од лепчето извадете ја. Оставете по малку покрај корката за состојките да не претечат.

za-pojadok-ili-vecera-vkusno-polneto-lepce-gotovo-za-15-minuti-02.jpg

Наполнете ја секоја земичка со пиперка и сирење, додадете едно живо јајце и малку кромид одозгора. Зачинете и посолете по желба.

za-pojadok-ili-vecera-vkusno-polneto-lepce-gotovo-za-15-minuti-03.jpg

Ставете ги лепчињата во загреана рерна и печете 10-15 минути додека јајцето не се потпече.

za-pojadok-ili-vecera-vkusno-polneto-lepce-gotovo-za-15-minuti-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Јајца на око со виршли во форма на цветови - децата ќе ги обожаваат (видео) Едноставен рецепт за јајца на око со виршли цветови, кој, освен што се спрема бр...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg