Пробајте: Ќофтиња од стар леб во бел сос

Ако и кај вас дома често останува леб кој мора да го фрлите, време е за многу попаметно решение.

probajte-koftinja-od-star-leb-vo-bel-sos-01.jpg

Ќофтињата од стар леб се толку вкусни, што ќе се покаете ако не ги пробате уште денес. Плус, белиот сос е одличен финиш.

Потребни состојки:

  • Речиси цел стар леб
  • 1 dl млеко
  • 2 јајца
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица презла
  • Сол и зачини по желба

За сос:

  • 500g шампињони
  • Малку кромид или лук
  • 2 лажици брашно
  • 1 павлака
  • Зачини по желба

Подготовка:

Загрејте го млекото, па прелијте го тврдиот леб. Изгмечете со раце. Кромидот исечкајте го ситно и додадете го во смесата.

Помешајте го и јајцето во смесата, зачинете по вкус, па додајте ги брашното и презлата. Добро промешајте и ако забележите дека тестото е премногу ретко, додајте уште малку брашно.

Загрејте масло на тава и пржете ја смесата во облик на ќофтиња.

Исечканиот лук или кромид за сосот ставете го да се пропржи. Кога е речиси готов додајте ги шампињоните и покријте. Продолжете да динстате со малку вода.

Шампињоните се готови кога ќе омекнат и водата ќе испари. Тогаш изматете го брашното со 1dl вода, па истурете ја смесата во тавата. На крај додајте ја павлаката и зачинете.

Ќофтињата прелијте ги со сосот или наредете ги врз него. Послужете ги топли!

probajte-koftinja-od-star-leb-vo-bel-sos-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...

Најчитани неделава