Рецепт на денот: Солена торта од леб

Наместо да правите сендвичи за појадок или вечера, пробајте да ја направите оваа солена торта со сосојки по вкус. Многу брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде.

recept-na-denot-solena-torta-od-leb-01.jpg

Потребни состојки (може да ги менувате по вкус):

  • 9 парчиња леб за тост
  • 100g ситно сечкана шунка
  • 100g тврд кашкавал
  • 3 варени јајца, изрендани
  • 200g мајонез
  • 500g кисела павлака

Подготовка:

Наредете 3 парчиња леб за тост на долга чинија. Премачкајте ги со слој павлака, наредете шунка и ставете го по страна и во средина, како на сликата.

recept-na-denot-solena-torta-od-leb-05.jpg

Наредете уште 3 парчиња леб одозгора. Повторете ја постапката, со тоа што овој пат го ставате реднаниот кашкавал.

Завршете со третиот слој лепчиња, па премачкајте ја тортата со павлака. Ренданите јајца наредете ги како декорација.

recept-na-denot-solena-torta-od-leb-04.jpg

Најдобро е да ја направите навечер и да ја оставите да отстои во фрижидер цела ноќ. Така полесно се сече и не се распаѓа.

Би можело да ве интересира:

Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава