Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кога не ви се готви од топло: 5 ладни салати

Сечкајте и мешајте разни вкусови, наместо да пржите. И онака на овие високи температури никој не сака мрсна храна.

koga-ne-vi-se-gotvi-od-toplo-5-ladni-salati-01.jpg

За да се спасите од потење додека правите ручек, ви предлагаме да направите некоја од овие 5 ладни летни салати:

Салата од туна

Потребно ви е:

  • 2 конзерви туна
  • 3 шолји ориз
  • 300g мајонез
  • 400g павлака
  • 300g кисели краставички

Подготовка:

Оризот сварете го и помешајте го со туната, па на крај додајте ги краставичките исечени на коцки. Промешајте заедно со павлаката и мајонезот. Оладете и послужете.

koga-ne-vi-se-gotvi-od-toplo-5-ladni-salati-02.jpg


Печени пиперки во павлака

Потребни состојки:

  • 6-7 печени црвени пиперки
  • 2-3 варени јајца
  • 400g кисела павлака
  • 100g мајонез
  • Сол и зачини по желба

Подготовка:

Испечените пиперки исчистете ги и ситно исечкајте ги. Постапката повторете ја со јајцата, па измешајте. Додадете ја павлаката и мајонезот, па зачинете по желба.

koga-ne-vi-se-gotvi-od-toplo-5-ladni-salati-03.jpg


Бела салата

Потребно ви е :

  • 2 компири
  • 200g мајонез
  • 170g крем сирење
  • 400g павлака
  • 150g шунка
  • 100g кашкавал
  •  3 јајца

Подготовка:

Измешајте го мајонезот со половина од павлаката и чувајте го за филување. Изрендајте го компирот, посолете, па наредете го на дното на еден стаклен сад. Премачкајте со мајонез и павлака, а потоа наредете ја ренданата шунка измешана со крем сирењето. Пак филувајте со мајонез и павлака, а потоа додадете ги ренданите јајца и кашкавалот. Премачкајте со останатата павлака.

koga-ne-vi-se-gotvi-od-toplo-5-ladni-salati-04.jpg

Салата со јајца, печурки и пченка

Потребно ви е:

  • 4 варени јајца
  • 200g пченка
  • Млад лук или кромид
  • 2 големи варени компири
  • 8-10 свежи, проварени шампињони
  • 3 полни лажици мајонез или павлака

Подготовка:

Јајцата исечете ги на парчиња, а компирот на помали коцки. Зависно од големината, исечете ги и шампињоните на коцки или кругови. Додадете ја пченката и добро измешајте. Мајонезот измешајте го заедно со младиот кромид или лук исечен на кругови, па соединете ги со останатите состојки.

koga-ne-vi-se-gotvi-od-toplo-5-ladni-salati-05.jpg


Салата од њоки и тиквички

Потребно ви е:

  • 1 пакетче њоки
  • 1 мала тиквичка
  • 1 црвена пиперки
  • 5 лажици маслиново масло
  • 2 лажици доматно пире
  • 4 лажици пилешка супа
  • Сол и бибер

Подготовка:

Сварете ги њоките, а зеленчукот измијте го и исчистете го. Тиквичката исечете ја на текни кругови, а пиперката на тенки стапчиња и се заедно помешајте со маслиновото масло. Доматното пире измешајте го со супата додека не добиете прелив. Додајте во садот со тестенини и зеленчук, оладете и послужете.

koga-ne-vi-se-gotvi-od-toplo-5-ladni-salati-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Лесен и вкусен ролат полнет со варени јајца (кои сигурно ви останале по Велигден) Се прави од готово лиснато тесто, а се полни со кашкавал, салама и варени јајца ...
4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...
Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера) Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...
Рецепт за руска салата за новогодишните празници Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg