Вкусот на детството: Џем од сливи

За сите оние кои уживаат во најубавиот, киселкаст вкус од детството, овој рецепт ќе биде дел од омилената зимница.

vkusot-na-detstvoto-dzem-od-slivi-01.jpg

Потребни состојки:

  • 1kg сливи
  • 2 кисели јаболка
  • 1kg шеќер
  • 1 лажица цимет
  • Цимет арома по желба
  • 2 лажици сок од лимон
  • 5 чаши вода

Подготовка:

Ставете ги водата и шеќерот да се варат додека не добиете шербет, а во меѓувреме исчистете ги сливите од семките. Излупете ги и јаболката и изрендајте ги.

Кога сирупот ќе се свари, додајте го овошјето и мешајте постојано.

За да проверите дали џемот е готов, ставете малку на чинија, па повлечете линија низ него. ако се познава трага - готов е. Ако не, се уште е редок и треба да продолжите да варите.

2 минути пред крај додадете го сокот од лимон, циметот и ванилата. Може да додадете и лажичка-две рум

Тргнете од оган, на полнете во жешки тегли, цврсто затворете и оставете ги наопаку да отстојат додека не се оладат.

vkusot-na-detstvoto-dzem-od-slivi-02.jpg

vkusot-na-detstvoto-dzem-od-slivi-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...

Најчитани неделава