Рецепт на денот: Маринирани печурки
Овие печурки можете да ги послужите како предјадење, салата или мезе со бело вино. Вкусни се и лесни за подготовка.

Потребни состојки:
- 120ml маслиново масло
- 3 лажици сок од лимон или оцет
- Вегета
- 400g шампињони
- 1 лажичка мајчина душица
- ½ лажичка рузмарин
- ½ лажичка оригано
- 1 лажичка коријандер во прав
- 3 чешниња лук
- Сол
- Бибер
Подготовка:
Загрејте го маслото во подлабок сад, потоа додадете ги претходно измиените шампињони.
На шампињоните додадете ги сокот од лимон и другите зачини.
Пржете околу 15-на минути додека шампињоните не омекнат.
Кога шампињоните ќе бидат готови, истурете ги во поголем сад (заедно со маслото) и покријте ги со фолија.
Вака оставете ги барем 2 часа во фрижидер. Сервирајте ги со бело вино, како предјадење или мезе.
Добар апетит!
Автор: М.A. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Вкусни специјалитети од кои домот ќе ви замириса на есен: Штрудла со јаболка и цимет, костени во Air...
Ако сте подготвени за есен, ќебе и топли пијалаци, замислете како ќе ви замириса...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики
Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...
Рецепт за компот од јаболка и крушки - Есенски деликатес за сите сетила
Кога времето почнува да заладува, еден од омилените мириси на многумина е мирисо...
Потпечена полента со сланина - идеален рецепт за вкусна вечера
Дали сте од оние кои често подготвуваат полента за појадок или вечера? Ако одгов...
Рецепт за божиќни распукани колачиња од чоколадо – за празничната сезона
Овие распукани чоколадни колачиња се прават лесно, а во празничната сезона убаво...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...