Предлог ручек: Сочни шпагети - Карбонара

Пастата е вид на храна со најмногу варијации и различни рецепти. Карбонарата е рецепт на паста кој е од Рим, се базира на јајца, пармезан, сланина и црн пипер. Лесен е за подготовка и има одличен вкус.

recept-za-shpageti-karbonara-01.jpg

Потребно време: 25 минути

Подготовка: 15 минути

Готвење: 10 минути

Потребни состојки:

  • 1 пакетче шпагети                                                                                                                                                        
  • 2 кафени лажички маслиново масло                                                                                                                            
  • 500 грама сланина, ситно сечкана на коцки                                                                                                         
  • 4 чешниња лук, истолчени                                                                                                                                              
  • 2 јајца                                                                                                                                                                                       
  • 1 шолја рендан пармезан или пекорино кашкавал           
  • бибер


Подготовка: За 4 до 6 порции

Додека се варат шпагетите подготвувајте го сосот за потоа шпагетите да се топли и готови кога сосот ќе биде готов. Многу е важно пастата да е топла кога се додаваат јајцата за да се спојат како што е потребно.

Земете поширок сад и наполнете го со вода и сол. Оставете ја водата да зоврие и потоа додадете ги шпагетите да се варат од 8 до 10 минути. Исцедете ги добро шпагетите, но зачувајте дел од водата во која се вареле, ќе ви треба за подоцна.

Додека се варат шпагетите на тивок оган, на маслиново масло почнете да ја пржите сланината 3 - 4 минути додека не стане крцкава. Додадете го лукот да омекне, но не повеќе од 1 минута.

Ставете ги топлите, ицедени шпагети во тавата со сланина и лук на тивка температура. Во посебен сад скршете ги двете јајца и додадете го пармезанот или кашкавалот и мешајте ги се додека не се соединат и се изгубат сите грутки и меурчиња кои ги има. 

Тргнете го тавчето од оган и додадете ја смесата од јајцата и почнете да промешувате, додадете малку од водата (отприлика 1 или 2 мали чаши) во која се вареа шпагетите за да се разреди смесата, но и да стане кремаста. Ова никако не го правете на оган, бидејќи јајцата кје почнат да се пржат. Зачинете ги шпагетите со бибер и послужете.

Добар апетит!

recept-za-shpageti-karbonara-1.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлесниот чоколаден колач – го правам секојпат кога имам ненајавени гости Неодамна пребарував десерти без јајца и наидов на чоколаден колач со необично им...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Потпечен модар патлиџан во доматен сос, по грчки рецепт Почнува сезоната на модри патлиџани, а со тоа и некои од нашите омилени јадења -...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Во кујна со Ангела: Рецепт за кочански сутлијаш – само со млеко, како што го правела мајка ѝ „Јас сутлијашот го сакам само со млеко, не и со вода, тоа е оригинален рецепт, т...
Лиснати банана залчиња со чоколадо - рецепт кој им успева на сите Дома сигурно имате банани скоро во секое време. Па ако купите едно пакување лисн...

Најчитани неделава