Готова за 20 минути: Брза торта со бисквити и јогурт
Оваа торта е готова за 20 минути, доколку сакате брзо и едноставно да се почастите со нешто слатко, ова е вашиот избор.

А, за тоа потребни ви се:
- 700g бисквити
- 1l јогурт
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 100g црно чоколадо
- 200g шеќер во прав
- 350g вишни или друго слатко
- 1 шлаг пена
Бисквитите ги кршите на крупни парчиња, го додавате ванилиниот шеќер и шеќерот во прав и промешувате. Потоа го додавате јогуртот и мешате се додека не се соедини смесата.
Смесата ја ставете го во калап и израмнувате. Врз смесата ги ставате вишните или некое друго овошје или слатко по желба, па премачкувате со шлаг.
На крај рендате чоколадо по желба.
Готовата торта ја ставате во фрижидер половина час да се стврдне, и десертот е готов за послужување.
Н. Т. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан
Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Рецепт за сочни пилешки крилца со барбекју сос, во AirFryer
Рецепт за највкусните и најсочните пилешки крилца направени во Air Fryer - потоп...
Потпечена полента со сланина - идеален рецепт за вкусна вечера
Дали сте од оние кои често подготвуваат полента за појадок или вечера? Ако одгов...
Во кујна со Зорка: Рецепт за мусака, со потпечен кашкавал
Ако досега не сте подготвиле мусака, ви пренесуваме вкусен рецепт за ова традици...
Рецепт за француска салата за новогодишните празници
Освен руската салата, која е кралица на новогодишните празници, и француската е ...
Фритата со тиквички и кашкавал - вкусен оброк што се топи во уста
Фритата е вид потпечена кајгана, со додатоци по вкус. Овој пат ви нудиме рецепт ...