Рецепт на денот: Крцкави крекери со кашкавал

Можеби не се најздравото нешто кое нутриционистите би го препорачале но секако дека се највкусното нешто кое можете да го подготвите.

recept-na-denot-krckavi-krekeri-so-kaskaval-001

Кој не сака крцкави крекери, а ако на тоа додадете и кашкавал знаете дека сте го постигнале вистинскиот погодок.

Овој едноставен рецепт ќе ви помогне да направите извонредни крекери со кашкавал кои од вас ќе направат главен и омилен готвач во друштвото. Толку се вкусни што вашите пријатели постојано ќе се надеваат дека при секоја посета во вашиот дом на масата ќе ги чека полна чинија вкусни крекери.

Потребни состојки:

  • 2 лажици путер без сол, на собна температура
  • 3/4 шолја чедар кашкавал, рендан
  • 1/3 шолја пармезан, ситно рендан
  • 1/2 лажичка црвен пипер
  • Малку чили
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/2 шолја брашно
  • 1 лажица ладна вода


Подготовка:

Ставете ги во поголем сад путерот, кој треба да биде мек, крупно ренданиот чедар и ситно ренданиот пармезан, црвениот пипер, чилито и солта. Убаво измешајте ги состојките, сè додека не добиете хомогена смеса.

Потоа го додавате брашното и продолжувате да мешате. За полесно мешање можете да користите вилушка. Мешајте додека не забележите дека сите топчиња лесно се раскршуваат.

На крајот додадете ја ладната вода. Смесата која треба да ја добиете треба да биде мека и хомогена. Ако гледате дека не е таква можете слободно да додадете уште малку вода.

На тестото не му е потребно многу месење, доволно е само да добиете хомогена смеса. Потоа завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер 30 минути. Тоа ќе ви помогне подоцна полесно да го развлечете во кора.

Откако ќе се излади ставете го на набрашента површина и развлечете кора со дебелина од околу 2-3 mm. Исечете го на ленти и во форма која вас ви се допаѓа.

Со помош на чепкалка на секое парче направете по 5 дупчиња и наредете ги на фолија која претходно сте ја премачкале со неколку капки масло. Печете 15 минути на температура од 190°С (рерната треба претходно да биде загреана) или сè додека не станат златно кафеави и крцкави.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Зорица: Рецепт за совршен велигденски милиброд (козињак) „Козињакот е еден од оние рецепти што неизбежно се подготвува во нашиот дом за В...
Рецепт за највкусните домашни крофни – сите ќе бараат уште Ако сте гурман, но и со вешти раце, тогаш вреди да го пробате овој рецепт за вку...
Во кујна со Стефан Спирковски - Рецепт за здрави и брзи јапонски палачинки Рецептите кои ги подготвува Стефан се со малку калории, лесни за подготовка и зд...
Домашно тирамису со совршен вкус - ќе уживате во секој залак Лесно е, кремасто, со комбинација од сладок и горчлив вкус, што го прави еден од...
Во кујна со Ангела од Кочани: Домашни пиварки со кокос и ореви, по рецепт од баба ѝ „Голем љубител на готвењето сум, почнав да готвам јадења уште од 4-то одделение,...
Посно медено срце - сочна и здрава верзија на омилениот колач Ако сте љубител на медено срце, а периодов постите, тоа не значи дека треба да с...

Најчитани неделава