3 вкусни појадоци кои ќе ви одземат само 5 минути наутро

Понекогаш наутро сме во толку голема брзаница што немаме време дури ни да појадуваме.

3-odlicni-pojadoci-koi-kje-vi-odzemat-samo-5-minuti-nautro-001.jpg

Постојано слушаме дека појадокот е најважниот оброк во денот кој никако не смееме да го пропуштиме, бидејќи истиот е многу важен за нашето здравје.

За да не поминете уште еден ден без појадок ние ви нудиме 3 идеи за подготовка на појадок кои ќе ви одземат само 5 минути...

Чоколаден колач

3-odlicni-pojadoci-koi-kje-vi-odzemat-samo-5-minuti-nautro-1.jpg

Потребни состојки:

  • 3 лажици брашно
  • 1 лажичка инстант кафе во прав
  • 2 лажици какао во прав
  • 3 лажици шеќер
  • 1/4 лажичка прашок за печиво
  • 2 лажици млеко
  • 1 јајце
  • 2 лажици растително масло
  • 1/2 лажичка ванила

Подготовка:

1. Убаво измешајте ги брашното, кафето, какаото, шеќерот и прашокот за печиво во шолја.

2. Додадете ги млекото, јајцето, путерот и ванилата. Мешајте со вилушка додека не добиете хомогена смеса.

3. Ставете ја смесата во шолја која претходно сте ја премачкале со масло. Печете во микробранова 90 секунди. Внимавајте колачот да не се препече.

Нутела тост

3-odlicni-pojadoci-koi-kje-vi-odzemat-samo-5-minuti-nautro-03

Потребни состојки:

  • 2 парчиња бел леб
  • 2 лажици Нутела
  • 1 банана

Подготовка:

1. Размачкајте ја Нутелата врз прачињата леб. Бананата исечкајте ја на кругови и наредете ја врз едното парче леб. Покријте со другото.

2. Потпечете од двете страни на тава со малку путер.

Чизкејк готов за 1 минута

3-odlicni-pojadoci-koi-kje-vi-odzemat-samo-5-minuti-nautro-04

Потребни состојки:

  • 50g маскарпоне
  • 2 лажици слатка павлака
  • 1 јајце
  • 1/2 лажичка сок од лимон
  • 1/4 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици шеќер

1. Измешајте ги сите состојки и ставете ја смесата во сад за печење кој претходно сте го подмачкале со путер.

2. Печете на највисока температура 90 секунди, мешајќи ја смесата на секои 30 секунди.

3. Почекајте да се олади, а потоа додадете свежо овошје, шлаг и сечкани ореви или бадеми.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Ангела: Рецепт за кочански сутлијаш – само со млеко, како што го правела мајка ѝ „Јас сутлијашот го сакам само со млеко, не и со вода, тоа е оригинален рецепт, т...
Вкусни специјалитети од кои домот ќе ви замириса на есен: Штрудла со јаболка и цимет, костени во Air... Ако сте подготвени за есен, ќебе и топли пијалаци, замислете како ќе ви замириса...
Без месење: Погача во форма на елка, полнета со моцарела и чили - за празничната трпеза Лесен и вкусен рецепт за погача во форма на елка, која ќе ја збогати вашата праз...
Меки мафини со тиквичка - брз рецепт за кога ќе ви се најават гости Постојат неколку различни начини да се подготват мафини, но рецептот за тесто со...
Рецепт за кремаста макарони салата – идеална за пролетни собиранки За празниците или за обични пролетни собиранки со друштво, оваа кремаста салата ...
Најлесниот чоколаден колач – го правам секојпат кога имам ненајавени гости Неодамна пребарував десерти без јајца и наидов на чоколаден колач со необично им...

Најчитани неделава