Меки мафини со тиквичка - брз рецепт за кога ќе ви се најават гости

Постојат неколку различни начини да се подготват мафини, но рецептот за тесто со тиквички е едно од најмеките и највкусните.

meki-mafini-so-tikvichka-brz-recept-za-koga-kje-vi-se-najavat-gosti-01.jpg

Ако ви се најават гости и сакате да подготвите нешто вкусно, а брзо, тогаш овие мафини со тиквичка се идеалниот избор.

Вкусот е одличен, можете да ги послужите сами или со некој додаток - никој нема да може да им одолее.

Како се подготвуваат? 

Потребни состојки (за 12 мафини):

  • 2 помали тиквички
  • 4 јајца
  • 1 чаша полента (измерена со чаша од 200ml)
  • малку прашок за пециво
  • сол, бибер и лук во гранули (по вкус)
  • семки за наросување (по желба - сусам, семки од тиква, сончоглед и слично)

Начин на подготовка:

  • Изрендајте ги тиквичките и во садот во кој сте го ставиле додадете ги јајцата, па матете со виљушка за да се спојат двете состојки.
  • Зачинете со сол, бибер и лук во гранули, па додадете ги полентата и прашокот за печиво и повторно измешајте ја убаво смесата за да стане компактна.
  • Калапот за мафини премачкајте го со малку масло или само ставете хартиени модли, па распоредете ја смесата подеднакво.
  • Врз неа ставете од семињата по ваш избор, па печете околу 30 минути на 200 степени.
  • Послужете ги топли или убаво изладени, по желба.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Фритата со тиквички и кашкавал - вкусен оброк што се топи во уста Фритата е вид потпечена кајгана, со додатоци по вкус. Овој пат ви нудиме рецепт ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава