Прсти да излижете: 4 десерти од само 3 состојки

Ако ви се јаде нешто благо и не сакате да поминете часови и часови во кујната, следните 4 рецепти се како измислени за вас.

4-brzi-recepti-za-vkusen-desert-01.jpg

Истите нема да ви одземат повеќе од 10 минути, а сепак ќе имате вкусен десерт на менито.

Чоколадни пралини со путер од кикирики и манчмалоу

Состојки

  • 1 пакетче чоколадни пралини со путер од кикирики
  • 1 пакетче манчмалоу
  • 15-20 g крекери

Начин на подготовка:

1. Наредете ги чоколадните пралини на долниот дел од сад за печење кој не се лепи.

2. Врз нив наредете ги парчињата манчмалоу.

3. Печете 20 минути во претходно загреана рерна на 175°C.

4. Послужете во комбинација со крекери.

4 brzi-recepti-za-vkusen-desert-02

Тартуфи од колачи и крем

Состојки:

  • 36 чоколадни Орео колачи (или некои слични)
  • 225 g крем сирење, омекнато
  • 340 g бело чоколадо, стопено

Начин на подготовка:

1. Сомелете ги или изблендирајте ги колачите, тргајќи настрана 2 лажици од добиената смеса за декорација.

2. Во поголем сад измешајте ги мелените колачи со крем сирењето.

3. Оставете смесата да отстои околу 1 час и обликувајте ја во форма на мали или поголеми топчиња.

4. Потопете го секое топче во бело чоколадо и ставете го на хартија за печење.

5. Декорирајте со трошки од мелените колачи.

4 brzi-recepti-za-vkusen-desert-03

Палмиер колачи

Состојки:

  • Лиснато тесто
  • Шеќер
  • Путер, стопен

Начин на подготовка:

1. Намачкајте го лиснатото тесто со путер.

2. Нанесете го шеќерот врз тестото и распоредете го подеднакво по целата површина.

3. Со помош на сукало растегнете го тестото и притиснете го шеќерот во него.

4. Повторете ја постапката и од другата страна на тестото.

5. Свиткајте ги краевите во форма на спирала од двете страни.

6. Завиткајте го и оставете го да отстои 30 минути.

7. Исечете го тестото на парчиња со дебелина од еден сантиметар и наредете ги на хартија за печење оставајќи доволно простор меѓу нив.

8. Печете 15 минути, вртејќи ги од двете страни додека шеќерот не карамелизира и колачињата не станат златно-кафеави.

4 brzi-recepti-za-vkusen-desert-04

Трослојно брауни

Состојки:

  • Смеса за крекер колачиња
  • 16 Орео колачи
  • Смеса за брауни колачи

Начин на подготовка:

1. Ставете ја смесата за колачи во сад за печење и рамномерно распоредете ја.

2. Врз неа наредете ги Орео колачите.

3. Истурете ја најгоре смесата за брауни, рамномерно распоредувајќи ја по целата површина.

4. Печете 45-50 минути во загреана рерна на 175°C.

4 brzi-recepti-za-vkusen-desert-05

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава