Рецепт за домашни churros, исти како шпанските

Ги знаете оние денови кога ви се јаде нешто благо, но воопшто не сакате да излезете од дома, без оглед колку ви е блиску продавницата?

recept-za-domasni-churros-isti-kako-spanskite-2.jpg

Овој традиционален шпански десерт е како измислен за тие денови, бидејќи неговата подготовка ќе ви одземе само половина час, а вкусот е нешто на кое постојано ќе сакате да се потсетите.

Традиционално се послужуваат со чоколаден намаз, но и обичниот чоколаден прелив или домашниот џем од капини или сливи може да биде одличен додаток.

Потребни состојки:

Churros

  • 130 g брашно
  • 130 g брашно измешано со прашок за печиво
  • малку сол
  • 2 лажици масло
  • 400 ml врела вода

Чоколаден намаз

  • 100 g чоколадо
  • 50 ml слатка павлака
  • 20 g  путер
  • 1 лажица шеќер
  • малку млеко

Подготовка:

Во поголем сад ставете го целото брашно, солта и маслото и убаво измешајте. Додадете ја врелата вода и мешајте додека смесата не се соедини.

Од тестото обликувајте стапчиња и пржете ги во врело масло по неколку минути од секоја страна. Топлите стапчиња, по желба, наросете ги со шеќер во прав или цимет.

Намазот направете го така што ќе ги измешате сите состојки во тенџере кое ќе го ставите на тивок оган и ќе оставите состојките да се стопат и соединат. Кога ќе биде готов претурете го во керамички сад и послужете го со крцкавите churros.

recept-za-domasni-churros-isti-kako-spanskite-1.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава