Рецепт на денот: Крцкаво печен сочен компир со павлака и кашкавал

Печениот компир е јадење за кое сите можеме да се согласиме дека е навистина вкусно.

Mafini-od-kompir-01.jpg

Особено, доколку го зачините со вкусни додатоци како кашкавал, кромид и мајчина душица.

Следниот рецепт ќе ви покаже како да направите вкусни солени печени компири за неверојатно кратко време.

Потребни состојки:

  • компири
  • 1 мала главица кромид, ситно исечкан
  • 2 чешниња лук
  • 4 гранчиња мајчина душица
  • 80 g рендан кашкавал
  • 60 g пармезан
  • 220 ml павлака (во зависност од големината на калапот, можеби ќе треба малку повеќе)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на  200ºC.

Исечете ги компирите на тенки кругови. Во подмачакан калап за печење, почнете да ги редите состојките по следниот редослед: компир, кромид, кашкавал и мајчина душица.

Повторете ја постапката толку пати колку што е потребно за да го наполните калапот и на крај додадете ја павлаката.

Печете 18-22 минути или додека компирите не добијат златно кафеава боја.

/" data-width="630" data-show-text="false">
/" class="fb-xfbml-parse-ignore">
/">Mini Potato Gratin Stacks

Mini Potato Gratin Stacks Full recipe: https://taste.md/2hbj50o Discover more recipes on our app: https://taste.md/2bc3sEg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја „Растев со мирисот на свежо печено лепче, со звуците од кујната каде мајка ми ти...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава