Рецепт за руски солени палачинки од сирење

Руските Syrniki или мали палачинки од свежо сирење се одлични за брз и лесен оброк.

Syrniki-vkusen-ruski-pojadok-01

Ова јадење, освен во Русија се подготвува и во другите источноевропски земји како Латвија, Литванија, Белорусија и Украина.

Syrniki обично се подготвуваат во блага варијанта, па така, во основната смеса од свежо сирење, јајца и брашно често се додава шеќер или ванилин шеќер, а се служат со џем, мед или слатко од овошје.

Доколку повеќе сакате солена храна, ова јадење можете да го подготвите со свежо сирење, рендан пармезан, ситно исечкан магдонос, јајца и брашно.

Кога правите Syrniki важно е да не додадете премногу брашно. Можеби на почетокот ќе ви оди малку потешко нивното обликување, бидејќи ќе ви се лепат за прстите, но можете да ги правите така што една по една ќе ги ставате на набрашнета површина, подоцна да ги попрскате со малку брашно и на крајот да ги обликувате во саканата форма.

Потребни состојки:

  • 350 g свежо сирење
  • 50 g брашно
  • 2 лажици рендан пармезан
  • 2 јајца
  • 2 лажици ситно сечкан магдонос
  • сол
  • маслиново масло и путер за пржење

Подготовка:

Добро изматете ги јајцата и спојте ги со другите состојки во компактна смеса.

Обликувајте ја добиената смеса во форма на мали палачинки.

Syrniki-vkusen-ruski-pojadok-02

Пржете ги кратко на малку маслиново масло и путер.

Послужете ги со павлака, ситно сечкан магдонос и лук.

Syrniki-vkusen-ruski-pojadok-03

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава