Брз колач од афион и гриз, по рецептот на баба
Наједноставните колачи воедно се и највкусни.

Се наоѓаат во секоја ситуација, кога ви треба нешто набрзина, а овој старински рецепт влегува во таа категорија.
Состојки:
- 2 шолји (од 200ml) шеќер
- 2 шолји јогурт
- Шолја гриз
- Шолја масло
- 1 ½ шолја брашно
- 7-8 лажици афион
- Пакетче прашок за печиво
- Лажица рум
Глазура: 100g шеќер во прав, сок од ½ лимон, малку рендана кора. Или втората, поедноставна опција - топено црно чоколадо.
Подготовка:
Имиксирајте го јогуртот со шеќерот, додадете го гризот, маслото, брашното, афионот, прашокот за печиво и румот. Измешајте ја смесата и во добро намачкан калап за печење, нека се пече 25 минути на 170 степени.
Додека колачот се лади, направете ја глазурата која ја одбравте.
Прелијте, исечете коцки, дополнително оладете и послужете.


М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...