Рецепт: Со хроно-лепче до потенок струк

Без разлика дали станува збор за здравствен или физички проблем, начинот на исхрана се покажа како еден од главните „чувари“ на човековото здравје.

recept-so-hrono-lepche-do-potenok-struk-1.jpg

Луѓето сѐ повеќе почнаа да обрнуваат внимание на она што го внесуваат и да се придржуваат до одредени режими на исхрана.

Доколку вие сте дел од оние кои се придржуваат до одреден режим поконкретно до хроно-режимот на исхрана, во продолжение прочитајте идеја плус како да го збогатите вашето утринско мени.

Хроно-лепчето е еден од намирниците кои според хроно-режимот на исхрана е дозволен да се консумира за појадок во рестриктивниот период.

Сѐ што ви е потребно за да си подготвите вкусно хроно-лепче е:

  • 300g интегрално брашно
  • 200ml минерална газирана вода
  • 1 пециво
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички маслиново масло

Смесата се промешува и се формира по желба.

Лепчето се пече десетина минути на температура од 200 степени.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја „Растев со мирисот на свежо печено лепче, со звуците од кујната каде мајка ми ти...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за банана леб - колач од презреани банани кој се топи во уста Дали и вам бананите дома ви потемнуваат брзо, па сакате да ги фрлите? Наместо да...
Потпечена полента со сланина - идеален рецепт за вкусна вечера Дали сте од оние кои често подготвуваат полента за појадок или вечера? Ако одгов...
Во кујна со Ксенија Деспотоска - Телешка чорба и домашно лепче, идеален оброк за цело семејство „Нема ништо поубаво од неделните утра кога сите сме собрани заедно. Тие моменти ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...

Најчитани неделава