Рецепт за „лажно“ полнето пилешко кој не можете да го згрешите

Полнењето пилешко е една од посложените постапки во готвењето и навистина треба да имате неверојатни вешти прсти. Пред да кренете раце од ова превкусно јадење, имаме решение за вас.

Lazno-polneto-pilesko-so-kaskaval-i-slanina-01.jpg

Вкусот е скоро идентичен, а подготовката многу поедноставна.

Најдоброто од сè – не постои шанса да го згрешите рецептот. Време е за „лажно“ полнето пилешко!

Потребно ви е:

  • 1 шолја сенаменско брашно
  • 1 kg пилешки гради
  • 2 шолји лебни трошки
  • 3 големи матени јајца
  • Сол, бибер или други зачини по желба
  • 1 шолја готов сос за скара
  • 1/3 шолја кафеав шеќер
  • Сок од 1 лимета
  • 1 лажичка лук во прав, или пак неколку чешниња свеж лук (по желба)
  • 1 шолја рендан мешан кашкавал
  • 1 шолја чедар кашкавал
  • 4 парчиња испржена сланина исечкана на парчиња
  • Младо зелено кромитче

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 220˚С.

2. Почнете со подготовка на пилешкото, односно класично похување: обложете ги со брашно, па директно во матените јајца (во кои сте додале 2 лажици вода), и на крајот во лебните трошки.

3. Префрлете ги подготвените пилешки парчиња во сад за печење обложен со хартија и зачинете по желба. Печете ги додека добро не се заруменат, од 23-25 минути.

4. Во меѓувреме, во подлабок сад на средна температура загрејте го готовиот сос за скара, кафеавиот шеќер, сокот од лимета и лукот. Мешајте додека добро не се соедини.

5. Кога пилешкото е печено, едно по едно потопете ги во подготвениот сос и вратете ги повторно во тавчето.

6. Додадете го ренданиот мешан кашкавал, па чедарот, сланината и младиот кромид.

7. Вратете го пилешкото во рерната и почекајте добро да се стопи сирењето, околу 1 до 2 минути.

Lazno-polneto-pilesko-so-kaskaval-i-slanina-02.jpg

Погледнете како лесно се подготвува лажното полнето пилешко:

/" data-width="630" data-show-text="false">
/" class="fb-xfbml-parse-ignore">
/">How To Make Loaded Boneless Wings

Loaded Boneless Wings are your new go-to party trick. Full recipe: http://dlsh.it/1NLKPvY

Posted by Delish on Sunday, January 28, 2018

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Шпагети со ракчиња во сос од домати - вкусен рецепт кој потсетува на лето и море Имате ли навика кога одите на море, барем еднаш да седнете во рибен ресторан или...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...

Најчитани неделава