Брз ручек: „Лажни“ лазањи со компир

За време на викендите кога сакате да одморите и да не се заглавувате со часови во кујната, потребни ви се едноставни и брзи, но вкусни рецепти.

Lazni-lazanji-so-kompir-01.jpg

Овој е токму таков – компир, сос од мелено месо и моцарела. Конечниот резултат е оброк од кој ќе ви закркори стомакот по уште едно парче репете.

Што ви е потребно?

  • 6 компири со средна големина
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица сол
  • 4 парчиња моцарела (или кашкавал по желба) исечен на мали тенки квадратчиња
  • 2 шолји готов сос за лазањи
  • 1 шолја бешамел сос
  • 6 парчиња моцарела

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 °C

2. Направете паралелни засеци на компирот. Може да искористите две дрвени лажици меѓу кои ќе го центрирате компирот за да не го засечете премногу длабоко.

3. Ставете ги компирите на намрсено тавче за печење. Премачкајте ги со маслиново масло и посолете. Печете ги од 45 минути до 1 час додека компирите не се „расцветаат“.

4. Врз секој од печените компири истурете од сосот за лазањи. Истурете го и бешамел сосот и додадете парче моцарела врз секој од компирите.

5. Печете уште 30 минути или додека добро не се заруменат и сервирајте со свежа салата.

За визуелна инспирација задолжително погледнете го видеото:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја „Растев со мирисот на свежо печено лепче, со звуците од кујната каде мајка ми ти...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава