Два рецепта за домашен сируп против кашлица за да бидете подготвени за сезоната на настинки

Колку и да се чуваме и да внимаваме на себе, секогаш ќе се случи некој да кивне без да стави рака на уста или да дојде на работа настинат, па лесно да ни пренесе зараза.

dva-recepta-za-domashen-sirup-protiv-kashlica-za-da-bidete-podgotveni-za-sezonata-na-nastinki-01.jpg

Уште почесто при променливо време и помалку сончеви денови, имунитетот реагира со опаѓање, а тоа е доста поволно за „закачување“ некоја вирусна настинка.

Во тие денови важно е да пиете доволно течности, да примате витамини и да не се изложувате непотребно на студ.

Често со овие настинки доаѓа и непријатна кашлица, поради која некогаш не можете дури ни да дишете без да се закашлате.

Дома можете да подготвите два ефикасни домашни сирупи, кои се прават од евтини состојки, а ќе ви помогнат да ја смирите кашлицата.

Прв рецепт

Состојки:

  • Едно пакување црни бонбони (негро)
  • 100 милилитри млеко

Подготовка:

Во тенџере ставете ги бонбоните, на тивок оган, да се стопат. Кога ќе добиете речна смеса, додајте го млекото и мешајте додека да се соединат. Кога ќе добиете сируп, префрлете го во тегличка.

Можете да земате секогаш кога мислите дека има потреба.

dva-recepta-za-domashen-sirup-protiv-kashlica-za-da-bidete-podgotveni-za-sezonata-na-nastinki-02.jpg

Втор рецепт

Состојки:

  • 10 ментол бонбони
  • 6 локуми (чист, без ореви)
  • Една лименка кока-кола

Подготовка:

Во тенџере се топат заедно ментол бонбоните и локумите на тивок оган. Откако ќе се стопат, се додава и кока-колата и се меша додека не се добие смеса со густина на сируп.

Се зема секогаш кога ќе почувствувате потреба.

Препорака:

Земајте од сирупите во случај на сува кашлица. Продуктивната кашлица не ја сопирајте на каков било начин на своја рака, туку консултирајте се со лекар, за да спречите опструкции на белите дробови.

dva-recepta-za-domashen-sirup-protiv-kashlica-za-da-bidete-podgotveni-za-sezonata-na-nastinki-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава