7 брзи, солени рецепти со празничен изглед


7 брзи, солени рецепти со празничен изглед

Не треба многу за на обичните рецепти и состојки да им дадете празничен изглед. Од обичните зденки може да направите ирваси, а од обичната крем-салата да направите шишарки. Ви треба само креативност.

7-brzi-soleni-recepti-so-praznicen-izgled-001.jpg

Ви нудиме 7 брзи решенија како да направите мезиња или цели оброци за празничната трпеза:

1. Крем-сирење со крекери

Измешајте крем сирење со обично изронето сирење, зачини и исечкан зеленчук или малку салама, па со калап обликувајте правоаголник од смесата.

Декорирајте со ленти краставички и квадрати од исечена пиперка. Послужете со солени крекери.

7-brzi-soleni-recepti-so-praznicen-izgled-01.jpg

2. Новогодишни елки од зденки

Излупете неколку зденки и зачинете ги со зелени зачини и вегета. Може да додадете сушени брусници. Послужете на стапче за ражничи.

7-brzi-soleni-recepti-so-praznicen-izgled-02.jpg

3. Пица елки

Од готово тесто за пица исечете триаголници, потпечете, а потоа премачкајте со испасирано авокадо и мали коцки домати.

За стебло нека ви послужат обичните соленки.

7-brzi-soleni-recepti-so-praznicen-izgled-03.jpg

4. Ирваси од зденки

Повторно излупете неколку зденки, но овојпат ставете им два переци, мали зрна бибер и крукче од домат или сушена брусница.

7-brzi-soleni-recepti-so-praznicen-izgled-04.jpg

5. Венче од мини хот-дози

Во готово тесто замотајте мини виршли и залепете ги во облик на венец. Печете додека тестото не добие златно-жолта боја.

7-brzi-soleni-recepti-so-praznicen-izgled-05.jpg

6. Топчиња тесто со зачини во облик на елка

Рецептот пронајдете го тука.

7-brzi-soleni-recepti-so-praznicen-izgled-06.jpg

7. Шишарка од крем салата

Откако ќе ја направите крем салатата по избор, без оглед на составот, може да ја декорирате со бадеми и да додадете зимзелени гранчиња, за да личи на шишарки.

7-brzi-soleni-recepti-so-praznicen-izgled-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за здрави мезиња, приготвени на вкусен начин Здравите јадења не значи дека не може да се приготват на вкусен начин, а овие ре...
Мини сендвич колачи полнети со чоколаден фил Ако не може да одолеете на колачи кои кога ќе ги гризнете, ви се топи чоколадо в...
Летни мини ролати: Тиквици со фил од пилешко и зеленчук Нема ништо подобро од лесни ручеци полни со зеленчук за летните денови кога ни е...

Најчитани неделава