Рецепт кој мора да го пробате: Новогодишна елка од сирења и кашкавали
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Giro prodavac 22-04-2019
Столар 22-04-2019


Рецепт кој мора да го пробате: Новогодишна елка од сирења и кашкавали

Веројатно го имаме најпразничниот рецепт за оваа година – новогодишна, накитена елка која кога ќе ја пресечете крие вкусна мешавина од сирења и кашкавали.

recept-koj-mora-da-go-probate-novogodisna-elka-od-sirenja-i-kaskavali-001.jpg

Ви требаат максимум 20 минути за да ја направите, а изгледа како да ја подготвувал професионалец.

Послужете со кекси, соленки, брускети и вино по желба.

Потребни состојки:

  • Крем сирење
  • Рендан кашкавал
  • Рендано сирење
  • Зачини

* Состојките се прилагодуваат според густината и вкус, затоа и нема точна грамажа.

Подготовка:

Ставете ги ренданиот кашкавал и сирење во еден длабок сад. Крем сирењето додавајте го постепено, лажица по лажица.

Треба да добиете густа смеса како на сликата:

recept-koj-mora-da-go-probate-novogodisna-elka-od-sirenja-i-kaskavali-3.jpg

Потоа зачинете и додајте кромид, сушени домати или друг сув зеленчук во смесата.

Наполнете во калап со конусна или триаголна форма. Доколку немате калап, може да ја ставите смесата на тврда подлога, па да обликувате со раце.

recept-koj-mora-da-go-probate-novogodisna-elka-od-sirenja-i-kaskavali-4.jpg

Оставете да се стегне во фрижидер 1-2 часа.

Украсете со чери домати, сечени бадеми, парчиња тврд кашкавал и магдонос или друг зелен зачин по желба.

recept-koj-mora-da-go-probate-novogodisna-elka-od-sirenja-i-kaskavali-5.jpg

Декорирајте со ѕвезда од кашкавал, на послужавник во кој ќе наредите солени грицки.

Мезењето може да почне!

recept-koj-mora-da-go-probate-novogodisna-elka-od-sirenja-i-kaskavali-2.jpg

recept-koj-mora-da-go-probate-novogodisna-elka-od-sirenja-i-kaskavali-6.jpg

recept-koj-mora-da-go-probate-novogodisna-elka-od-sirenja-i-kaskavali-7.jpg

recept-koj-mora-da-go-probate-novogodisna-elka-od-sirenja-i-kaskavali-8.jpg

recept-koj-mora-da-go-probate-novogodisna-elka-od-sirenja-i-kaskavali-9.jpg

recept-koj-mora-da-go-probate-novogodisna-elka-od-sirenja-i-kaskavali-10.jpg

recept-koj-mora-da-go-probate-novogodisna-elka-od-sirenja-i-kaskavali-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесен чоколаден рум колач за сите љубители на десертите Доколку го сакате вкусот на чоколада и рум, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој ...
За сите непланирани собири: Брзи брускети на 4 начини За пролетните собиранки со друштво и со семејството брускетите со различни вкусо...
Викенд ручек: Печен компир со сос и растопен кашкавал Рецептите со компир речиси на сите ни се омилени, а најдобро е што има бесконечн...