Десерт на денот: Колач од палачинки, полнет со чоколадо

Обичните палачинки со крем може да ги направите на поинаков начин, во поголема форма и со „побогат“ и неодолив вкус.

desert-na-denot-kolach-od-palachinki-polnet-so-chokolado-01.jpg

Наместо да мачкате палачинки со крем, направете си колач од палачинки, полнет со чоколаден фил и банани.

Тешко дека некој ќе успее да одолее на ова слатко задоволство кое ќе посакате да го јадете за појадок, ручек и вечера.

Палачинки со чоколадо и банани на нов начин за вистинските љубители кои сакаат да експериментираат:

Потребни состојки:

За палачинки:

  • 170g брашно
  • 100g нишесте
  • 500ml млеко
  • 9 јајца
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер

За фил:

  • 100g шеќер
  • 200g темно чоколадо
  • 100g путер
  • 2 банани

Начин на подготовка:

Измешајте во еден сад брашно, нишесте, млеко, 4 јајца и ванилин шеќер. Од смесата направете палачинки и наредете ги во калап за печење така што нема да има празен простор и добар дел од палачинките ќе виси од страните.

Во друг сад измешајте го шеќерот, останатите јајца, стопениот путерот и чоколадо. Дел од филот истурете врз палачинките насекаде, па наредете неколку исечкани банани. Потоа повторно прелијте од филот и пак додадете банани. Повторувајте додека има фил.

Крајните делови на палачинките кои висат од калапот преклопете ги одозгора една врз друга и печете 20 минути на 180˚С.

Исечете подебели парчиња од колачот и сервирајте со шлаг или сладолед.

Изгледајте ја целосната постапка за подготовка во видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=51t2Eo1JC_c

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни чоколадни мафини полнети со мармалад – кога ви треба брзинско благо Ако душата ви побара благо додека постите, имаме идеален рецепт за вкусни чокола...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Ролат со афион и ореви како во детството кај баба, по рецепт на нашиот Dave’s Kitchen Дали и вас овој колач во вид на ролат со фил од афион и ореви ве потсетува на бе...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Мини палачинки во форма на цвет, со јагоди и банани - децата ќе ги обожаваат Ако сакате да им подготвите појадок на децата кој ќе го обожаваат, направете им ...

Најчитани неделава