Десерт без вештачки шеќери и калории: Чоколадни авокадо коцки

Ако е десерт, не мора да значи и дека е полн со шеќер и калории.

vkusni-chokoladni-avokado-kocki-01.jpg

Идејата за вегански чоколадни авокадо коцки воопшто не е лоша и всушност може да биде вистинско уживање за непцето на оние кои ја сакаат комбинацијата на благ и соленкаст вкус.

Најдоброто од сè е што не се печат, а се прават за навистина брзо време.

Потребни се следниве состојки:

  • 180g урми 
  • 150g ореви (3/4 крупно измелени, остатокот сечкани) 
  • 2 лажици какао 
  • 1 зрело авокадо 
  • Кокосов крем (полна голема лажица) 
  • Јаворов сируп за засласдување 
  • Темно чоколадо

Подготовка:

Направете ја основата од урмите, оревите и какаото. Изблендирајте ги заедно урмите, мелените ореви и какаото, а потоа додајте ги сечканите ореви.

Оваа смеса нанесете ја во тава обложена со хартија за печење.

Слојот треба да биде дебел помалку од еден сантиметар. Ставете ја тавата во замрзнувач.

Авокадото, кокосовиот крем и јаворовиот сируп исто така изблендирајте ги, додека да добиете мазна смеса. Премачкајте врз основата од урми и вратете во замрзнувач.

Стопете го темното чоколадо и прелијте врз колачот. Исечете на коцки.

desert-bez-vestacki-sekeri-i-kalorii-cokoladni-avokado-kocki-02.jpg

desert-bez-vestacki-sekeri-i-kalorii-cokoladni-avokado-kocki-01.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава