Време за „Мимоза“ - 3 варијации на омилената велигденска салата

Велигден најчесто го поврзуваме со две работи: песната на Џокси и Мимоза салатата. Двете работи се практично неизбежни, па зошто не би мезеле Мимоза додека го слушате омиленото велигденско хитче?

Vreme-za-Mimoza-salata-01.jpg

Овој пат за вас имаме 3 варијации на класичната Мимоза салата која вклучува марула и варени јајца, а понекогаш и ротквици.

Доколку сте расположени за експериментирање дефинитивно треба да подготвите неколку Мимоза верзии на класичната.

Еве ги нашите три предлози:

Редена Мимоза

Потребни состојки:

  • 2 варени компири
  • 100 gr шунка
  • 100 gr кашкавал
  • 4 варени јајца
  • 2 варени моркови
  • 200 gr мајонез
  • 200 gr кисела павлака
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

1. На дното на чинијата прво изрендајте го варениот компир. Посолете и ставете бибер по желба.

2. Додадете половина од павлаката и убаво распоредете ја врз компирот. Врз павлаката додадете малку мајонез.

3. Следниот слој треба да биде ренданиот варен морков (внимавајте да не го преварите со цел да не стане кашест). Прелијте со малку павлака.

4. Изрендајте шунка, па додадете го остатокот од павлаката и малку мајонез.

5. На крајот додадете ги ренданите варени јајца. Прелијте со мајонез и нарендајте кашкавал или некое потврдо сирење.

6. Декорирајте по сопствена желба, добро изладете ја салатата и послужете.

Vreme-za-Mimoza-salata (1).jpg

Vreme-za-Mimoza-salata (4).jpg

Мимоза на италијански начин

Потребни состојки:

  • Марула салата (може и ајсберг салата)
  • 4 варени јајца
  • 1 помала главица кромид
  • Кубети
  • Маслиново масло, сол и бибер
  • За прелив: Павлака, сенф, мајонез, малку лимонов сок

Начин на подготовка:

1. Добро измијте ја марулата. Најдобриот начин за миење на марула е ливчињата да ги потопите во вода со малку сода бикарбона и оцет. Оставете да отстои 10 минути и премијте ги убаво ливчињата.

2. Исечкајте ја марулата, кромидот и варените јајца. Додадете зачини и кубети.

3. Подгответе го сосот и прелијте ја салатата. По желба може да додадете и маслинки.

Vreme-za-Mimoza-salata (2).jpg

Виолетова Мимоза

Потребни состојки:

  • 500 gr пилешки гради
  • 600 gr варено цвекло од тегла
  • 125 gr фета сирење
  • 3 варени компири со средна големина
  • 3 варени јајца
  • 200 ml кисела павлака
  • 250 gr мајонез
  • Сол, бибер и магдонос по желба

Начин на подготовка:

1. Вареното пилешко месо исечкајте го на ситни коцки. Компирот, јајцата и цвеклото изрендајте ги.

2. Добро измешајте ги сите наведени состојки, заедно со павлаката и мајонезот. На крајот зачинете со сол и бибер по желба. Свежиот магдонос е исто така опција по желба.

Vreme-za-Mimoza-salata (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава