Готов за 15 минути: Џем од јагоди кој ќе ве врати во детството


Готов за 15 минути: Џем од јагоди кој ќе ве врати во детството

Јаготки кои се мачкаат на леб – појадок, ужинка и вечера која честопати знаевме да ја јадеме како деца, посебно додека бевме на чување кај баба и дедо.

gotov-za-15-minuti-dzem-od-jagodi-koj-ke-ve-vrati-vo-detstvoto-001.jpg

Па, како да им го подготвите истото слатко уживање и на младите генерации?

Ова е рецептот за најбрзиот џем од јагоди со вкус кој ве враќа во детството...

Потребни состојки:

  • 700g јагоди
  • 150g шеќер
  • Голема лажица сок од лимон
  • 2 лажици екстракт од ванила

Подготовка:

Јагодите добро измијте ги и исчистете ги, па исечкајте ги на парчиња со средна големина. Ставете ги во длабоко тенџере.

Додајте шеќер, покријте со капак и почекајте смесата да зоврие. Повремено мешајте.

Кога ќе се појави бела пена, отстранете ја со помош на лажицата.

Откако смесата ќе зоврие, нека се вари уште 10 минути.

Кога ќе поминат 7-8 минути, додајте го сокот од лимон и екстрактот од ванила.

Сварениот џем ставете го во тегла и чувајте во фрижидер.

gotov-za-15-minuti-dzem-od-jagodi-koj-ke-ve-vrati-vo-detstvoto-1.jpg

Освен на парче леб со путер, може да го користите и за слатки, колачи, торти и разни десерти.

gotov-za-15-minuti-dzem-od-jagodi-koj-ke-ve-vrati-vo-detstvoto-2.jpg

gotov-za-15-minuti-dzem-od-jagodi-koj-ke-ve-vrati-vo-detstvoto-3.jpg

gotov-za-15-minuti-dzem-od-jagodi-koj-ke-ve-vrati-vo-detstvoto-4.jpg

gotov-za-15-minuti-dzem-od-jagodi-koj-ke-ve-vrati-vo-detstvoto-5.jpg

gotov-za-15-minuti-dzem-od-jagodi-koj-ke-ve-vrati-vo-detstvoto-6.jpg

gotov-za-15-minuti-dzem-od-jagodi-koj-ke-ve-vrati-vo-detstvoto-7.jpg

gotov-za-15-minuti-dzem-od-jagodi-koj-ke-ve-vrati-vo-detstvoto-8.jpg

gotov-za-15-minuti-dzem-od-jagodi-koj-ke-ve-vrati-vo-detstvoto-9.jpg

gotov-za-15-minuti-dzem-od-jagodi-koj-ke-ve-vrati-vo-detstvoto-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз џем од кајсии, кој палачинките го обожаваат Вкусниот џем од кајсии е кралот на појадоците, посебно ако е намачкан на топла, ...
Брз десерт: Летна ледена торта со јагоди За најлесната летна торта треба само да измешате 5 состојки, да ја изладите и да...
Мини Павлови тортички со јаготки - слатко уживање на кое нема да одолее никој Лесната торта која ѝ посветена на руската балерина Ана Павлова овој пат доаѓа во...

Најчитани неделава