Нова варијација на класичен рецепт – Тирамису со цреши

Речиси и да не постои човек на светот кој не обожава тирамису. Овојпат за вас имаме летна варијација на класичниот рецепт – тирамису со свежи цреши.

Tiramisu-so-creshi-01.jpg

Додека сè уште трае сезоната на црешите, вреди да се искористат во вакво слатко и деликатно уживање. А декорирањето во чаша е посебна приказна која нема никого да остави рамнодушен, покрај неверојатниот вкус на овој сладок рецепт.

Потребни состојки:

  • 200 g пишкоти
  • 5 жолчки
  • 50 g шеќер во прав
  • 500 g маскарпоне
  • 1 лажица ликер од бадем
  • 300 ml црно кафе
  • 100 g рендано чоколадо (темно или млечно, по желба)
  • Свежи цреши

Tiramisu-so-creshi (1).jpg

Начин на подготовка:

1. Изматете ги жолчките со шеќерот во прав, па полека додадете го маскарпонето и ликерот од бадем. Варете ја смесата на пареа додека добро не се згусне.

2. На кратко потопете ги пишкотите во кафето, но внимавајте да не се натопат премногу.

3. На дното на чашата поставете неколку пишкоти. Врз нив додадете свежи цреши кои претходно сте ги исчистиле од семките.

4. Додадете слој од кремот со маскарпоне. На крајот посипете со рендано чоколадо (црно или млечно по желба) и декорирајте со уште неколку цреши на врвот.

Tiramisu-so-creshi (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...

Најчитани неделава