Супа која треба да ја јадете еднаш месечно, за да ги намалите масните наслаги

На секого одвреме-навреме му е потребна детоксикација, но не секој рецепт ги дава саканите резултати.

supa-koja-treba-da-ja-jadete-ednas-mesecno-za-da-gi-namalite-masnite-naslagi-02.jpg

Еден од одличните начини како да бидете сити, а повторно да го исчистите телото од токсините, да ги намалите масните наслаги и да го подобрите варењето на храната, е токму оваа летна супа.

Се препорачува да ја консумирате еднаш месечно, не повеќе, и тоа само 24 часа околу 5-6 порции.

Покрај тоа, пијте многу вода.

Рецепт за детокс супа:

  • 5 цветови брокула
  • 3 стапчиња целер
  • 1 виолетов кромид
  • 1 главица кељ или неколку листови спанаќ
  • 2 моркови
  • Половина лажичка сол
  • 2 шолји бујон од од зеленчук
  • Сок од половина лимон
  • 2 лажици кокосово масло

Подготовка:

Загрејте го маслото во тенџере, па ставете го ситно исечканиот зеленчук. Динстајте со постојано мешање додека плодовите не омекнат.

Додајте го бујонот со сол. Оставете да се вари додека смесата не се згусне малку.

На крај зачинете со лимон и супата е готова.

Што уште може да додадете?

Ѓумбир, лук, цимет, куркума, тиквички, зелка, праз, цвекло, компир, пашканат, грав, јаткасти плодови, леќа...

supa-koja-treba-da-ja-jadete-ednas-mesecno-za-da-gi-namalite-masnite-naslagi-01.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...

Најчитани неделава