Десерт без печење готов за 20 минути - Летен чизкејк со лимон

За време на летните денови никој од нас не сака да поминува премногу време во кујната. Но, кога станува збор за десертите може да направиме мал исклучок од правилото.

Leten-chizkejk-so-limon-01.jpg

За среќа, постои толку лесен и едноставен рецепт кој ќе ве освежи и заслади истовремено. Не е потребно да ја вклучите рерната, а состојките се лесно достапни.

Направете си летна верзија на добро познатиот чизкејк – со лимон:

Потребни состојки:

  • 150 g бисквити (пожелно е да имаат путер во нив)
  • 50 g путер
  • 20 g шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 320 g маскарпоне
  • Кора од 1 лимон
  • Лимонов сок од 3 исцедени лимони

Начин на подготовка:

1. Сомелете ги кексите во блендер, па додадете го стопениот путер и шеќерот во смесата. Добро измешајте ги сите состојки.

2. Добиената смеса натапкајте ја рамномерно во одбраниот калап за торта врз хартија за печење. Ставете ја во фрижидер 1-2 часа со цел смесата да стане цврста и компактна.

3. Што се однесува до подготовката на филот потребно е да си измешате преостанатите состојки, односно маскарпонето, ванилиниот шеќер, кората од лимон и лимоновиот сок.

4. Состојките измешајте ги рачно, со миксер или со блендер, сè додека добро не се соединат.

5. Истурете го филот врз првиот слој од бисквити во калапот. Вратете ја тортата во фрижидер со цел филот да се стегне и послужете.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...

Најчитани неделава