Рецепт на денот: Медалјони од компир на кои нема да може да одолеете

Медалјони или „плескавички“ од компир, полнети со моцарела и печурки – звучи идеално за викенд ручек, нели?

recept-na-denot-medaljoni-od-kompir-na-koi-nema-da-mozhe-da-odoleete-01.jpg

Љубителите на компир се радуваат на секој нов рецепт со компир, а овој ќе ви биде еден од омилените.

Се подготвува лесно, а смесата можете да ја мешате со различни состојки и никогаш нема да погрешите!

Потребни состојки:

  • 800g компири
  • 300g печурки
  • 200g брашно
  • 50g пармезан, рендан
  • 100g моцарела сирење (или мек кашкавал)
  • 1 јајце
  • 1 чешне лук
  • Магдонос
  • Маслиново масло, сол и бибер

recept-na-denot-medaljoni-od-kompir-na-koi-nema-da-mozhe-da-odoleete02.jpg

Начин на подготовка:

Запржете го лукот, па додадете ги печурките и зачинете со сол и бибер. Покријте го тавчето и гответе 10 минути. Потоа додадете магдонос и оставете го уште малку на оган.

Излупете ги компирите и изгмечете ги во сад. Додадете го брашното, пармезанот, сол, бибер, јајце и измешајте ја добро смесата.

На работната маса наросете малку брашно, ставете ја одозгора смесата, измазнете ја со сукало и сечете кругови со калап или чаша. 

Во секој круг додадете малку од зготвените печурки и ставете малку моцарела. Покријте со уште едно кружно парче од смесата и притиснете нежно од страните за да се прицврстат, а потоа ставете ги на тавче со малку маслиново масло.

Оставете ги 5 минути од едната и од другата страна да се зготват добро и послужете ги топли.

Видео од целата подготовка на рецептот:

https://www.facebook.com/watch/?v=395009327809912

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за совршени печени компири – крцкави однадвор, меки однатре Ако барате рецепт за совршени печени компири, пробајте да ги подготвите на овој ...

Најчитани неделава