Омилениот вкус од моето детство: пиварките на баба ми
Сите ние имаме по еден рецепт кој ни го враќа мирисот на детството и буди кај нас шаренило од емоции.

Пиварките на баба ми. Мирисот и вкусот на моето детство. Засекогаш ќе имаат посебно место во моето срце и покрај сите модерни и чоколадни торти.
Погледнете го најдобриот рецепт за како да направите вкусни пиварки:
Потребни состојки:
- ½ квасец;
- 400ml зејтин;
- 1 шолја од 200ml пиво;
- 1 пециво;
- една шолја шеќер (125ml);
- Брашно за да се замесат претходните состојки.
Потребни состојки за фил:
- 8 лажици толчени ореви;
- 4 лажици шеќер;
- 4 лажици суво грозје.
Потребни состојки за шербет:
- 1 шолја вода;
- 1 шолја шеќер.
Начин на подготовка:
Сите состојки заедно се замесуваат и се обликуваат топчиња. Во средината на топчињата се става филот.
Се редат на подмачкан плех со малку зејтин и се печат.
Откако ќе се испечат се потопуваат во жежок шербет (водата и шеќерот се загреваат и се добива шербет), а потоа се валкаат во кокос или ореви.
Уживајте во вкусот!
Т. Ѓ. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...