7 вкусни рецепти за првата недела од божиќниот пост

Божиќниот пост почнува на 27-ми ноември и трае до 7-ми јануари, односно до Божиќ.

7-vkusni-recepti-za-prvata-nedela-od-bozhikniot-post-01.jpg

За време на постот, во понеделник, среда и петок се пости на вода. Односно, се јаде храна готвена без масло и не се јаде риба. Во вторник и четврток се пости со масло, а во сабота и недела е дозволено да се јаде риба.

Но само затоа што постите, не значи дека не можете да уживате во храната.

Во продолжение погледнете 7 одлични посни рецепти, кои можете да ги направите во првата недела од постот:

Среда: Чорба од шампињони и компири

Потребни состојки: 600 грама компири, 400 грама печурки, голема главица кромид, 1 праз, 1 морков, зачин од зеленчук, сол и бибер, магдонос, ловоров лист, 1 лажица брашно

Начин на подготовка: Динстајте ги на вода исечканиот кромид и празот. Додајте ги исечените моркови и компири и зачинете. Прелијте го зеленчукот со вода, додајте го ловоровиот лист и варете го зеленчукот додека не омекне. Додајте ги печурките. После половина час, извадете го ловоровиот лист и со миксер измешајте ја чорбата.

Во малку ладна вода изматете го брашното и додајте го во чорбата. После 5 минути, тргнете ја чорбата од оган и додајте магдонос.

7-vkusni-recepti-za-prvata-nedela-od-bozhikniot-post-02.jpg

Четврток: Ризото со зеленчук

Потребни состојки: 200 грама пченка, 200 грама ориз, 200 грама грашок, 1 главица кромид, сусам по желба, масло, сол и бибер, магдонос

Начин на подготовка: Изрендајте го морковот и динстајте го заедно со кромидот. Додајте го останатиот зеленчук, додајте сол и бибер и додајте околу 1,5 литри вода. Оставете го зеленчукот да се вари.

Добро измијте го оризот и додајте го во зеленчукот. Оставете го да врие 5 минути, а потоа покријте го тенџерето со капак и тргнете го од оган. Додајте препечен сусам.

7-vkusni-recepti-za-prvata-nedela-od-bozhikniot-post-03.jpg

Петок: Пиперки полнети со буковка (пост на вода)

Потребни состојки: 300 грама ориз, 300 грама буковка, 1 праз, сол и бибер, босилек, 8 пиперки, 300 милилитри сос од домати

Начин на подготовка: Исечкајте ги буковката и лукот, измешајте ги со оризот и зачинете со бибер и сол. Со оваа смеса наполнете ги пиперките.

Полнетите пиперки ставете ги во длабок сад за печење, додајте сос од домати и малку вода. Пиперките можете да ги варите околу еден час, или да ги печете во рерна околу час и половина.

7-vkusni-recepti-za-prvata-nedela-od-bozhikniot-post-04.jpg

Погледнете ги останатите рецепти на следната страница...



Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...

Најчитани неделава